Кои се најчестите емоции кои ги потиснуваме длабоко во себе?
Дали некогаш сте размислувале за најчестите емоции кои многумина од нас ги потиснуваат? Имајте на ум дека овие емоции произлегуваат како резултат на нашите внатрешни борби, несоодветно однесување и незадоволство.
Потиснат гнев
Секоја форма на негативен став кон нас (задевање, малтретирање, отфрлање итн.) во детството или негирање на основните човечки потреби, може да доведе до потиснат гнев. Потиснатиот гнев, пак, може да доведе до анксиозност, депресија и хронична болка.
Потисната тага
Кога не можеме целосно да се соочиме со загубата, таа емоција станува наше доживотен товар. Со потиснувањето на нашата тага, ние ја потиснуваме и нашата автентична радост. Ако нашиот ум постојано се враќа на сликите од минатото (личност, место или настан), тоа е знак дека се држиме за нешто што бара наше внимание и подлабоко разбирање на тој настан.
Потиснат срам и вина
Се чини дека срамот и вината се примарните елементи за тоа како функционира нашето општество; тие се рефлектираат и во начинот на кој се однесуваме како родители и како ги воспитуваме нашите деца. Тие се и основа на многу религии. Срамот и вината можат да бидат моќни алатки за манипулација и можат да нè наведат да го правиме она што некој друг сака да го правиме. За многумина, овие емоции се толку вкоренети во начинот на кој тие комуницираат што честопати дури и не знаат како да комуницираат без потсвесно да ги пренесат.
Потиснат страв
Кога сме изложени на нормални дози на страв, природно се јавува кај нас реакцијата „бори се или бегај“. Спротивно на тоа, потиснатиот страв може целосно да нè парализира. Овој страв го прави нашиот свет мал и ги ограничува опциите на нашата перцепција. Исто така, ги одржува нашите тела во хронична состојба на страв и ги оштетува нашите бубрези.
Потисната желба
Желбата за моќ, богатство, статус, секс и контрола доминираат во нашата душа. Многумина од нас, во обидите да бидат „духовни“, ги потиснуваат овие желби. Вообичаена замка е да веруваме дека сме „подобри“ од другите со тоа што се идентификуваме како „духовни“. И со тоа неминовно ги потиснуваме нашите основни желби. Кога го негираме постоењето на нашите желби, тоа ја прави уште посилна нашата потисната завист.
Потисната завист
Доминантната вредност во нашето општество е претставена преку успехот и фактот колку сме постигнале во животот. Споредбата и личните достигнувања го зајакнуваат нашето чувство за конкуренција. Начинот на размислување на „успешната“ личност е: „Јас сум подобар/а од тебе“, „Никогаш нема да бидеш толку добар/а како мене“ или „Јас сум победникот (што значи дека ти си губитник).“ Социјалните мрежи ги прават луѓето депресивни токму поради тоа што отворено ги спроведуваат овие пораки.
Откако прочитавте за најчестите емоции кои ги потиснуваме длабоко во себе, можеби ќе сакате да прочитате и како да престанете да ги апсорбирате туѓите емоции и енергии.
Извор: sensa.mondo.rs