Кои се лековитите својства на маслото од кантарион?

Кои се лековитите својства на маслото од кантарион?

Маслото од кантарион се добива од истоименото растение кое е повеќегодишна билка. Кантарионот цвета од мај до септември, но најмногу во текот на јули, а неговите цветови се со жолта боја. Станува збор за едно од најраспространетите лековити растенија.

Кои се лековитите својства на маслото од кантарион?

Имено, популарноста на кантарионот меѓу народот се должи на неговите антибактериски, антивирусни и антигабични својства. Маслото од кантарион е богато со хиперицин, танини и флавоноиди кои имаат антивоспалително дејство. Освен тоа, уште од античко време кантарионот се користи како лек за зараснување на раните.

Маслото од кантарион помага при:

  • рани
  • изгореници од прв степен
  • воспаление на јајниците
  • вагинални инфекции (габични и вирусни инфекции, вклучувајќи ХПВ и херпес)
  • хемороиди
  • проширени вени
  • стрии, лузни и акни
  • чирови
  • воспаление на мускулите

Маслото од кантарион е ефикасен лек и во случај на ревматизам и ишијас. Важно е да се напомене дека ова масло е одличен лек за разни женски проблеми како што се цисти, воспаление на јајниците и габи. Доволно е да користите тампон кој е натопен во масло од кантарион и да ја повторите постапката доколку сè уште чувствувате болка. Освен тоа, можете да најдете и вагиналети со масло од кантарион.

Покрај тоа, во случај на хируршки третман на рак на дојка како и за заздравување на раните по завршувањето на операцијата, лекарите препорачуваат употреба на масло од кантарион.

Рецепт за масло од кантарион:

Маслото од кантарион е едно од ретките масла кое се подготвува со свежо цвеќе. Односот е 100 грама цвеќе на литар масло. Најчесто се користи ладно цедено квалитетно маслиново масло.

Начин на подготовка:

1. Ставете ги цветовите во проѕирно стаклено шише или тегла и прелијте ги со масло.

2. Покријте го шишето со газа и прицврстете го со гумена лента. Оставете го да отстои 40 дена на сонце и повремено проверувајте дали сите цветови се во маслото.

3. Убаво процедете го маслото со цветовите со помош на газа и чувајте го во цврсто затворени темни шишиња. Не чувајте го во фрижидер.

Не заборавајте дека маслото од кантарион е фототоксично што значи дека по нанесувањето кожата не смее да биде изложена на сонце бидејќи може да изгори. Освен тоа, секогаш барајте совет и дозвола од лекар пред да го нанесете маслото на хируршки рани.

Откако прочитавте за лековитите својства на маслото од кантарион, можеби ќе сакате да прочитате и за одличните чаеви против настинка како бозел, жалфија, нане и шипка.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар