Кои се лековитите својства на греаното вино?
Традицијата на пиење греано вино во есен и зима доаѓа од Северна Европа, а неговите лековитите својства можат да делуваат благотворно врз сите нас. Прочитајте во продолжение за што конкретно станува збор.
1. Го забавува стареењето
Стареењето е природен процес кој не можеме да го запреме, но можеме, барем делумно, да го забавиме. Истражувачки институт во Вирџинија открил дека греаното вино не само што може да нè загрее во студените есенски и зимски денови туку има значајна улога и во забавување на процесот на стареење.
2. Ја подобрува меморијата
Истата состојка која е одговорна за нашето „подмладување“ позитивно влијае и на протокот на крв во мозокот, а со тоа и на меморијата, концентрацијата, намалувањето на заморот, стресот и анксиозноста. Покрај тоа, ресвератролот (состојка во виното) го намалува ризикот од појава на Алцхајмерова болест.
3. Добро е за настинки и срце
Како извор на моќниот антиоксиданс ресвератрол, греаното вино го спречува прекумерното згрутчување на крвта. Исто така, зачините кои се составен дел од овој напиток даваат уште поефикасни резултати во борбата против настинките. Циметот и каранфилчето се добри за дезинфекција на грлото, а имаат и антибактериско и антивирусно дејство. Студијата објавена во Американско списание за епидемиологија покажала дека ризикот од настинка е намален за речиси 40% кај испитаниците кои консумирале умерени дози греано вино во текот на една година.
4. Ги штити коските и забите
Освен што ги убива бактериите во нашата усна шуплина, греаното вино ја намалува можноста за појава на кариес и други болести на забите и непцата. Меѓу другото, има антиинфламаторни својства и помага во заштитата од губење на коскената маса и остеопороза, како и од артритис.
5. Го подобрува процесот на варење
Во умерени количини, греаното вино го подобрува варењето и позитивно делува на желудочната киселина. Меѓутоа, прекумерните количини можат да придонесат за стомачни проблеми како дијареја и повраќање.
Откако прочитавте за лековитите својства на греаното вино, можеби ќе сакате да прочитате и за 7-те начини како да го искористите преостанатото вино.
Извор: citymagazine.danas.rs