Кои се главните причини за зголемување на токсините во организмот?

Кои се главните причини за зголемување на токсините во организмот?

Во Ајурведата, древната индиска медицина, интоксикацијата на телото и присуството на штетни материи кои се акумулираат во нашите ткива и кои се нарекуваат „ама“ се наведуваат како една од главните причини за влошување на здравјето и појава на болести.

Кои се главните причини за зголемување на токсините во организмот?

Овие штетни материи ги нарушуваат биохемиските процеси во телото, што доведува до нарушување на протокот на информации во нервниот систем, стагнација или блокирање на лимфните и крвните садови, како и нарушување на функцијата на сите други канали кои постојат во нашето тело.

Лошо варење

Различни фактори може да доведат до појава на токсини во телото. Една од главните причини е лошото варење на храната, што доведува до акумулација на несварена храна и слаба апсорпција на хранливи материи. Несварената храна се претвора во токсини кои го блокираат редовниот проток во сите ткива и се таложат во ткивата, со што се нарушува нивната нормална функција. Главна причина за ова нарушување е неправилната исхрана, што доведува до раст на вата, пита или кафа доша. На пример, ако нашата исхрана е претежно заснована на сува и ладна храна или ако јадеме премногу често и во големи количини сурова храна, можеме да придонесеме за зголемување на вата доша. Пречестата употреба на домати, цимет, цитрус, оцет, топла, солена и кисела храна ќе доведе до зголемување на пита дошата, додека сирењата, јогуртот, сладоледот и другите слатки придонесуваат за зголемување на кафа доша. Лошото варење може да биде предизвикано и од употреба на некомпатибилни намирници, како на пример, истовремено внесување млеко и солена храна, млеко и риба, овошје и јогурт, диња и лубеница во комбинација со која било друга храна. Консумирањето оброци во погрешно време (доцна навечер или помеѓу редовните оброци) може исто така да доведе до лошо варење.

Елиминација на токсините

Следна значајна причина за формирање токсини е слабата елиминација на отпадните материи, што дополнително придонесува за акумулација на нечистотии, а потоа нивна апсорпција во циркулаторниот систем и понатамошна дистрибуција по целиот организам. Варењето само по себе доведува и до отежната елиминација на отпадните материи, но покрај тоа, исклучително значаен фактор е и потиснувањето на природните потреби. Одложувањето на празнењето на мочниот меур и цревата и потиснувањето на гасовите во телото силно ја нарушува елиминацијата на отпадните материи. Употребата на тампони и менструални чаши исто така доведува до нарушување на протокот на енергија во тенката карлица и тенкото црево, што доведува до разни здравствени нарушувања, од ендометриоза до гастроезофагеална рефлуксна болест.

Нерамнотежа на дошите

Интоксикацијата може да биде предизвикана и од нерамнотежата на вата, пита и кафа дошите предизвикана од лошите дневни навики. Изложеноста на суво и студено или ветровито време, нередовниот сон, исцрпувачките тренинзи, премногу работа и многу стрес ќе доведат до силно зголемување на вата доша и акумулација на токсини што доведуваат до нарушувања во форма на физички слабост, несоница, анксиозност, нередовни и болни менструални циклуси, болести на коскено-зглобниот систем. Интензивната изложеност на високи температури или активности во периодот од 22 до 2 часот по полноќ, честите расправии или гледање агресивни сцени, доведуваат до нарушување на пита доша кои можат да се манифестираат како гастритис, кожни болести, хормонална нерамнотежа, тешки менструации, повторени спонтани абортуси. Спиењето во текот на денот, недостатокот на редовна физичка активност како и изложеноста на студ и влажно време ќе придонесат за појава на нерамнотежа на кафа дошата и ќе се манифестираат, на пример, во форма на астма, дијабетес, дебелина и депресија.

Токсини од надворешната средина

Присуството на паразити во телото како бактерии и вируси, можат да доведат до интоксикација на клеточно ниво. Од друга страна, присуството на „ама“ во организмот е плодна почва за развој на чести бактериски, вирусни и други инфекции. Токсините од надворешното опкружување се исклучително штетни и опасни, зрачењето на електронските уреди и мобилните телефони сериозно ја нарушува хомеостазата на нашиот организам и доведува до појава на болести. Затоа е важно да се обидеме да ја сведеме изложеноста на овој вид токсини на минимум.

Откако прочитавте за главните причини за зголемување на токсините во организмот, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие ајурведски совети: Здрава исхрана за буден ум, здраво тело и мирно срце.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар