Кои се 5-те фази на љубовната врска?

Кои се 5-те фази на љубовната врска?

Заљубувањето е една од најубавите работи што животот може да ни ги подари. Но, покрај чувствата на среќа и возбуда, љубовната врска минува и низ фази на сомнеж и разочарување што е сосема нормално. Во продолжение прочитајте ги 5-те фази на љубовната врска.

Кои се 5-те фази на љубовната врска?

1. Романса и привлекување

Ова е првичната фаза во која постепено се запознавате со партнерот. Позната е уште како и „меден месец“ со оглед на тоа дека за време на оваа фаза сè изгледа совршено, а вие имате впечаток дека вашата врска е најдобрата на светот. Сепак, оваа фаза трае најмногу 2 години. Многумина се обидуваат да останат во оваа фаза, без да ги прифатат новите предизвици кои следуваат, па затоа голем дел од луѓето одлучуваат да раскинат со партнерот по завршувањето на оваа фаза.

2. Реалност

Откако фазата на заљубеност ќе исчезне почнува да се наметнува реалноста. Така, сите нешта кои сте ги негирале во првата фаза ќе почнат да стануваат сè повидливи. Оваа трае 1 година, а за време на овој период двајцата одлучувате дали сакате да бидете заедно или не. Честопати, врските се раскинуваат токму во оваа фаза бидејќи личноста сфатила дека избрала погрешен партнер за себе. Но, доколку сте подготвени да ги прифатите недостатоците и разликите на партнерот и обратно, сè уште имате можност да бидете заедно.

3. Разочарување

Откако ќе настапи фазата на реалноста, таа честопати е проследена со разочарување. Така, постојано се расправате со партнерот за мали, неважни работи и иако знаете дека тоа не влијае поволно врз вашата врска, сепак не можете, а да не бидете лути еден на друг цело време. Сè уште не можете да сфатите дека конфликтот е нормална работа за секоја врска и веднаш помислувате на раскинување. Меѓусебната доверба, комуникацијата и поддршката се работите што најмногу ви се потребни за надминување на оваа фаза.

4. Стабилност и интимност

Доколку успеете да се справите со сите проблеми и препреки на кои наидовте во третата фаза, ќе напредувате успешно во четвртата фаза на стабилноста и интимноста. Запомнете дека ниту една врска не може да опстане без овие два столба, а штом вашата врска ќе настапи во оваа фаза, можете да бидете спокојни.

5. Посветеност

Ова е последната фаза на љубовната врска и доколку ја достигнете значи дека и двајцата се прифаќате онакви какви што сте. Оваа фаза е доказ дека ви значи оваа љубовна врска и дека секогаш наоѓате здрав и зрел начин за справување со можните несогласувања.

Откако прочитавте за 5-те фази на љубовната врска, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е тешко да ставите крај на нездравата љубовна врска.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар