Кои работи треба да престанете да ги очекувате од другите?
Кога ќе почнат да се појавуваат проблеми во нашите односи со другите, првиот совет што ни го даваат нашите блиски е да ги намалиме очекувањата – од врската или од нашиот партнер. Дали ова помага? Колку и да звучи чудно, одговорот е „да“.
Фактот дека сте ги намалиле очекувањата од другите луѓе може значително да го намали ризикот од фрустрации и разочарувања. Во продолжение прочитајте кои работи треба да престанете да ги очекувате од другите луѓе.
Престанете да очекувате другите да се согласат со вас.
Не можете постојано да се согласувате со другите и затоа престанете да ги исполнувате очекувањата и стандардите на другите. Освен тоа, начинот на размислување, концептите и идеите на една личност се динамични и постојано се подложени на промени во текот на нивниот живот. Колку повеќе се прифаќате себеси и ја одобрувате секоја одлука што сте ја донеле во животот толку повеќе ќе се зголеми вашата самодоверба, ќе престанете да очекувате другите да се согласуваат со вас и да ја одобруваат секоја работа во вашиот живот.
Престанете да очекувате другите да ви ги читаат мислите.
Очекувањето од другите да знаат што може да се случува во вашиот ум е знак за погрешна комуникација! Ако молчите и очекувате другата личност да разбере што мислите, едноставно претерувате со проценката на човечките капацитети. Запрашајте се, дали вашиот партнер некогаш ќе ве разбере, ако се однесувате лошо со него/неа, без всушност да му/ѝ кажете што не е во ред?
Престанете да очекувате другите да се жртвуваат за вас.
Самиот чин на жртвување е несебичен бидејќи ги земате предвид туѓите потреби и желби. Но, од друга страна, крајно невнимателно и себично од страна на една личност е да очекува другите да се откажат од работите само заради неа. Ако вие самите не го можете тоа, не треба да очекувате и другите да го сторат тоа.
Престанете да очекувате другите да се променат.
Ако кај вашиот партнер или кај некој ваш близок ви смета одредено однесување, не очекувајте тоа да исчезне преку ноќ. Треба да покажете трпение и искреност со нив. Да претпоставиме дека сакате вашиот партнер да се откаже од пушењето – тогаш треба искрено да разговарате. Дискутирајте и договорете се за работи кои можат да се променат за добросостојбата на двајцата партнери. Ценете го секое мало достигнување на вашиот партнер што води до промена.
Откако прочитавте кои работи треба да престанете да ги очекувате од другите, можеби ќе сакате да прочитате и 5 стратегии кои ќе ви помогнат да се справите со разочарувањата.
Извор: themindsjournal.com