Кои работи не смеете никогаш да ги чувате во паричникот според експертите?

Кои работи не смеете никогаш да ги чувате во паричникот според експертите?

Губењето на вашиот паричник може да биде прилично фрустрирачка ситуација, но за полесно да се справите со неа, експертите советуваат никогаш да не чувате одредени работи во вашиот паричник.

Кои работи не смеете никогаш да ги чувате во паричникот според експертите?

1. Сметки

Брендон Кинг, основач на Home Security Heroes, вели дека треба да престанете да чувате сметки во вашиот паричник, бидејќи тие може да се користат за извлекување информации за трансакциите или информации за банкарска сметка.

2. Лозинки

Ова е веројатно очигледно, но сепак некои луѓе чуваат важни лозинки и PIN-кодови на картички во нивните паричници.

3. Клучеви

Иако навидум се чини сосема практично да ги чувате клучевите во паричникот, тоа не е навистина безбедна опција, особено затоа што во паричникот чувате и документи со вашата адреса, па крадците лесно можат да дојдат до вашата куќа.

4. Кредитни картички

Ако носите кредитна картичка со вас во вашиот паричник, постои поголема шанса да потрошите повеќе пари отколку што сте планирале. Покрај тоа, ако носите многу картички, пари и документи со вас, паричникот може да изгледа прилично дебел, што го прави привлечна мета за крадците, препорачуваат експертите.

Откако прочитавте кои работи не смеете да ги чувате во паричникот, можеби ќе сакате да прочитате и како да се осигурите дека ќе го добиете паричникот назад доколку го изгубите.

Извор: citymagazinedanas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар