Кои прашања да му ги поставите на вашиот терапевт за да го извлечете најдоброто од терапијата?
Секогаш е добра идеја да се појде на терапија. Тоа е место каде што можете да седите со обучен професионалец и да разговарате за сè што ви паѓа на памет додека истовремено добивате помош и совети. Но, доколку сакате да го извлечете најдоброто од сеансите, ви нудиме неколку дополнителни работи што таму можете да ги правите, вклучувајќи и поставување прашања.
„Нешто како училиште, работа или врска – колку повеќе инвестирате и вложувате во себе, толку повеќе шанси имате за придобивки и растење. Треба да се чувствувате апсолутно слободни за да му поставите прашања на вашиот терапевт и да ги изразите вашите потреби низ процесот“, вели Фрејер.
На пример, ако ги извршувате неделните „домашни задачи“ што ќе ви помогнат да бидете одговорни во преземањето активни чекори кон вашите цели, кажете му го тоа.
1. Каков вид терапија нудите?
Ако штотуку се запознавте со вашиот терапевт, едно од првите прашања што треба да ги поставите е каков вид терапија тој нуди, затоа што постојат неколку.
Ова ќе ви помогне да научите повеќе за нивните области на експертиза, какви специфични интервенции во третманот користат, каков е нивниот став и како изгледа терапијата во позадина. Ова може да ви помогне да добиете впечаток за вашиот терапевт и ќе ви помогне да одлучите дали ќе ви одговараат неговите методи.
Вие нема да добиете квалитетна терапија ако не „кликнете“ уште од првата средба и не се чувствувате пријатно со стилот на терапија. Затоа, не се плашете да прашате.
2. Како ќе знам дека сме компатибилни?
Можеби ова прашање звучи незгодно, но сосема е во ред да бидете директни и да прашате дали си одговарате со вашиот терапевт и дали тој смета дека би можел да ви помогне. Ова е нешто што може да се случи во воведната сесија, каде што тој ќе зборува што може да ви понуди и кои се целите на терапијата. Доколку вашиот терапевт ви препорача некој друг терапевт тоа не е лош знак. Всушност тој сака да биде сигурен дека ве испраќа кај вистинската личност што ќе ви помогне најмногу.
3. Како ќе изгледа мојот план за третман?
Откако ќе разговарате и ќе ги покриете основните работи зошто воопшто сте пошле на терапија, можете да го прашате за нивниот план и за целите што ќе ги имате на вашите посети.
„Ова е најважно во секоја терапевтска сесија затоа што овозможува насоки“, вели Кристин Ерскин, терапевт. „Ви овозможува да бидете на иста страница со вашиот терапевт во однос на тоа што сакате од терапијата.“
Ќе треба заеднички да поставите некои цели.
„Кога целта ќе биде остварена, ќе можете да се префрлите на следната“, вели Ерскин.
Вашите цели можат да се променат дополнително за време на советодавниот процес доколку е потребно.4. Можете да ми помогнете во одредувањето цели?
Сосема е во ред доколку немате цели или не сте сигурни што е потребно да се случува понатаму. Тоа е моментот кога ова прашање ќе ви помогне.
„Доколку имате потешкотии со дефинирање на вашите цели – што може да се случи доколку се чувствувате бедно и знаете дека сакате да бидете подобро – прашајте го вашиот терапевт за насоки како да ги составите“, вели Викторија Фишер, психотерапевт и лиценциран клинички социјален работник.
5. Дали можете да резимирате за тоа што го разговаравме?
Бидејќи вие ќе покриете повеќе теми на разговор за време на секоја сесија, може од помош да ви биде кратко резиме пред да си заминете за да ги запомните главните точки.
„Прашајте за потсетник на картичка или хартија за тоа што сте разговарале за време на сесијата или сами запишувајте белешки во вашата тетратка или во телефонот“, вели Ерскин.
„Ова ќе ви помогне во приказот што сте разговарале во текот на неделата и да запомните да ги вежбате специфичните вештини кои заедно сте ги договориле.“6. На што треба да работам оваа недела?
Можеби ќе сакате да прашате што имате за „домашна задача“ или на кои одговорности треба да работите во текот на неделата, било да е тоа книга која треба да ја прочитате или да работите на некоја општа интроспекција“, вели Никол Милер, лиценциран советник за ментално здравје.
Прашувањето за „домашна задача“ надвор од канцеларијата ќе ви помогне да го зголемите вашето знаење, и исто така тоа ќе биде катализатор за да ја забрзате промената.7. Што мислите за моето напредување?
Откако веќе сте биле на три или четири сесии, слободно прашајте го вашиот терапевт што мисли за вашиот напредок. Тоа на двајцата ќе ви даде шанса да увидите до каде сте стигнале и дали е постигнат некаков напредок.
Исто така, тоа е одличен начин за да се забележат обрасците кои се повторуваат“, вели д-р Џејми Лонг лиценциран клинички психолог во Психолошка група во Форт Лаудердел.
Знаејќи ги проблемите што се повторуваат ќе ви помогне да направите корекции во терапијата или да нурнете подлабоко во нерешените проблеми, што е многу важно доколку сакате да го извлечете најдоброто од сесиите.8. Дали можам да бидам искрен/а за моите чувства?
„И терапевтите се само луѓе, но доколку почувствувате дека нешто не е како што треба, ставете им до знаење. Не чекајте да станете ужасени од одењето на терапија“, вели Фишер.
Добриот терапевт ќе ја цени вашата искреност, како и вашиот фидбек.
Може да биде тешко, но ако бидете искрени на овој начин тоа само ќе ви ги подобри сеансите. „Не само што ќе ги подобри туку и ќе го придвижи терапевтскиот однос кон воспоставување доверба и разбирање. Бидејќи главен фактор за секој позитивен исход од терапијата е – поврзаноста со вашиот терапевт.“9. Колку често треба да доаѓам?
Колку често треба да го посетувате терапевтот, дали ќе биде тоа еднаш неделно, повеќе или помалку, зависи од многу фактори. Нема да ве здоболи ако прашате за негово мислење за да бидете сигурни дека ќе добиете најдобар третман.
„Секогаш е добро да се започне со еднаш неделно за да се направи проценка, а после тоа како што поминува времето ќе можете да процените и да направите промена според вашите потреби“, вели Марин Зиглмен, лиценциран клинички социјален работник.
10. Дали можеме да разговараме надвор од канцеларијата?
Доколку сакате да го добиете вашиот терапевт помеѓу сесиите, тогаш ќе треба да знаете какви се неговите правила кога се работи за јавување, пишување или испраќање имејлови.
„Важно е да се знаат кои се пречките за клиентот и неговиот терапевт надвор од сесијата“, изјави Зиглмен. „Дали тој/таа наплаќа дополнително доколку го/ја побарате надвор од сесија? Доколку е така, кои се правилата што важат за тој услов? Добро е да се знае дали можете да го/ја добиете дури и кога не се работи за итен случај.“
11. Дали можете да ми дадете објаснување?
Работите кои се дискутираат во терапијата можат да бидат збунувачки и хаотични на моменти, особено ако вашиот терапевт изнесува некои концепти кои не ви се многу познати или ако прави сложени поврзувања. Ако се почувствувате збунето, експертите советуваат да се чувствувате слободни да прашате за објаснение.
Ова е дел од формирање силна врска помеѓу вас и вашиот терапевт, но исто така ќе ви помогне да добиете најдобар третман додека истовремено учите нови нешта и се информирате. Немојте да се плашите да кажете што мислите.
Терапијата после сè во голема мера е тоа што вие ќе го направите од неа. Секако дека вашиот терапевт игра голема улога во тој процес. Слободно поставувајте прашања, бидејќи само на тој начин ќе го добиете потребниот одговор.