Кои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?

Кои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?

Секоја жена, без оглед на нејзиното тело, возраст и националност, сака да внесе промена во нејзиниот изглед. Жените на кои природата не им дала облини какви што посакуваат не се исклучок од тоа правило. Јасно е дека со редовно вежбање посакуваните облини можат да станат реалност, но понекогаш не ни се чека толку долго. Следниве неколку трикови ќе ви помогнат да ги нагласите совршените делови од вашето тело и да ги направите уште попривлечни…

Нагласете ја линијата на струкот

Кои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?

За да направите вашето тело да изгледа величенствено, одберете облека која ќе го нагласи вашиот струк. Колку потенок изгледа струкот, толку поубаво изгледа задникот. Најдобро е да одбегнувате облека без форма која го крие вашиот струк.

Ставете акцент на нозете

Кои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?

Еден од основните модни закони гласи: Ако сакате вашиот задник да изгледа позаоблено, не двоумете се да ги покажете вашите прекрасни нозе.

Одберете пенсил здолниште или здолниште со полн тул

Кои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?

Откако Кристијан Диор го креираше првото пенсил здолниште, тоа стана едно од основните парчиња облека кои секоја жена треба да ги поседува. Успешно ги нагласува сите совршени делови на телото и може да направи вашиот задник да изгледа навистина привлечно. Предностите на здолништето со полн тул се видливи со голо око, и нема потреба од понатамошни објаснувања.

Хоризонталните линии нека станат вашиот најдобар пријател

Кои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?

Фустаните и здолништата со хоризонтални линии во контрасни бои се создадени за да го направат телото поженствено и елегантно. Овој модел визуелно ги зголемува колковите и на тој начин го прави вашите задник позаоблен.

Маичките со гол стомак во комбинација со здолништа или шорцеви се едноставно прекрасни

Кои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?

Маичките со гол стомак одлично го нагласува струкот, а тексас шорцевите убаво ги дефинираат сите посакувани делови. Скејтерските здолништа и здолништата кои стануваат пошироки на крајот се многу модерни денес и несомнено ќе ги привлечат туѓите погледи, благодарение на нивната должина и форма. Тие визуелно го зголемуваат задникот и помагаат да се постигне најпосакуваната форма на телото на песочен часовник.

Материјали кои ги изразуваат контурите на телото

Кои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?

Фустаните, здолништата и фармерките направени од растегливи материјали можат да ги нагласат сите ваши привлечни делови на телото. Ваквите материјали го зацврстуваат задникот и прават да изгледа позаоблено. Дополнете го изгледот со високи потпетици или сандали и никој нема да може да го тргне погледот од вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар