Кои ќе бидат најголемите невестински трендови за 2018 година?
7. Малку црно
Црните детали им даваат неверојатен готски елемент на венчаниците. Едноставен црн колан, црни чевли или црн украс на главата се одличен начин да го пробате овој тренд.
8. Невестинско одело
Веќе е 2018-та година, па се разбира дека на листава ќе најдете и невестинско одело. Кроените панталони и длабокото деколте го прават овој изглед неверојатен.
9. Цветни детали
Венчаниците со цветни детали се популарни веќе неколку години наназад, а истото важи и за оваа година.
10. Боемски изглед
За несвестите со слободен дух, овие венчаници се совршен избор. Тие се совршена комбинација од опуштен и елегантен изглед.
11. Висока јака
Венчаниците со високи јаки имаат викторијански шмек, но се и навистина секси и модерни. Кога станува збор за овој стил, повеќе е подобро.
12. Слоеви
Можеби мислите дека со ваков фустан ќе личите на невестинска торта, но детално изработените венчаници со слоеви изгледаат неверојатно добро. Одберете ваков фустан во комбинација со минимален накит и ќе изгледате како од бајка.
Погледнете го и овој свадбен тренд, каде што невестите ги потопуваат своите венчаници во различни бои!