Кои бои најмногу им прилегаат на бринетите?

Кои бои најмногу им прилегаат на бринетите?

Поради богатите нијанси во косата, на бринетите совршено им прилегаат скоро сите бои – од пастелни, па сè до светли бои. Сè се врти околу едно златно правило: носете бои кои создаваат контраст помеѓу косата и парчињата облека, така што и косата и облеката ќе дојдат до израз!

Кои бои најмногу им прилегаат на девојките со бринета коса?

Од светло розова па сè до пастелна жолта, овие неверојатни бои ќе направат да изгледате одлично, а во продолжение погледнете како да ги носите боите на најдобар начин.

Бела и крем нијанси

Неутралната палета на бои изгледа многу добро на бринетите, бидејќи нивната темна коса доаѓа до израз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lifestyle with Ana (@anaristova) on

Црвена

Црвената боја е тајното оружје на секоја бринета која вешто го крие под ракавот. Исто важи и за црвениот кармин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OUTFIT_S_å2s (@outfit_style_a) on

Темно сина

Темно сината нијанса е многу подобра варијанта за бринетите девојки отколку црната боја, бидејќи поради темната нијанса на косата може да дојде до „избледување“ на целиот изглед и да го направи досаден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Palermo (@oliviapalermo) on

Розова

Светло розовата боја е нијанса која создава најсилен контраст на темната коса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by T U C K Boutique (@tuckbrand) on

Жолта

Жолтата боја е најдобра од сите нијанси кои можете да ги одберете доколку имате кафена коса. Контрастот на оваа боја и кафената коса изгледа совршено!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lavika (@lavika.pl) on

Прочитајте ги и овие совети кои секоја бринета треба да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар