Кои бои ќе доминираат за време на есенската и зимската сезона?
Полека, но сигурно ни се приближува новата сезона, а со нејзиното доаѓање следува и промена на гардеробата. Веќе дознавме кои се новите трендови што ни ги носи есента, но што е со боите? Продолжете со читање доколку сакате да дознаете кои бои ќе ги преплават улиците за време на постудените сезони…
Бела
Бојата што ја обожававме преку летото успева да го задржи своето место на врвот, па таа ќе биде исто толку популарна и во постудените месеци. Секако, за време на есенските и зимските денови нема да можете да се облечете од глава до пети во бело, но ако сакате да бидете во тренд, доволно ќе ви биде и еден впечатлив бел детаљ, како на пример чанта или чевли.
Розова
Зарем би можела да дојде нова сезона без омилената боја на младите генерации? Изгледајте нежно и за време на студените денови со пастелните нијанси на розовата боја, но нема да згрешите ни ако изберете малку понападни нијанси, особено ако имате цел да привлечете внимание.
Црвена
Црвената боја се смета за бојата на есен/зима 2017 па затоа и не смеете никако да пропуштите да ја вметнете во вашите секојдневни модни комбинации. Ако сте доволно храбри, можете дури и да се облечете од глава до пети во оваа боја, но ако не сакате да експериментирате, доволен ви е и само еден детаљ, како црвени чизми или чанта. Од друга страна пак, за оние што се потрадиционални во стилот – црвениот фустан никогаш нема да излезе од мода.
Зелена
Од маслинеста до бојата на тревата, оваа есен зелената ќе биде доминанта на сите видови парчиња облека и модни додатоци. Одберете нијанса која најдобро ви одговара на тонот на кожата, но дури и да се одлучите за некоја похрабра варијанта, во текот на следните две сезони нема да можете да згрешите!
Неутрални бои
Нијансите инспирирани од природата се секогаш во тренд за време на есента. Токму затоа и овој пат најдобро ќе изгледате доколку ги комбинирате неутралните есенски и зимски тонови со силни и впечатливи бои.
Прочитајте и кои 14 парчиња облека го изобличуваат сечие тело!