Кои 5 прашања се срамиме да ги поставиме во љубовната врска?

Кои 5 прашања се срамиме да ги поставиме во љубовната врска?

Еве пет вообичаени прашања во врската за кои луѓето често сметаат дека се премногу табу за да разговараат, а разговорот за овие теми, всушност, може да ве зближи со вашиот партнер.

Кои 5 прашања се срамиме да ги поставиме во љубовната врска?

1. Длабоко скриени стравови

Не мислиме на страв од пајаци или од летање, туку на подлабоки стравови поврзани со вашиот карактер и личност. Стравовите се толку потиснати и вкоренети што можеби не сте ни свесни за нив. Секој има суштински страв што го поттикнува неговото однесување и затоа е важно да се зборува за него.

2. Семејни проблеми

Многу возрасни веруваат дека семејството од кое потекнуваат е одраз на тоа кои се тие.

3. Тајни соништа и цели за иднината

Споделувањето на вашите цели и соништа е многу чувствителен чин, бидејќи кога другите луѓе реагираат на кој било начин што е помалку од 100% поддршка, тоа може да доведе до сомнеж во врската. Дури и ако не се сомневате во себе, нивниот недостаток на поддршка ќе ве принуди да се соочите со студената, тешка реалност дека тие не се вистинските личности за вас.

4. Финансиски проблеми

Вашата финансиска состојба е ваша лична, приватна работа. Меѓутоа, ако го делите вашиот живот со некого, има некои аспекти за кои ќе треба да разговарате. Вашиот начин на живот неизбежно влијае на блиските луѓе.

5. Сексуални фантазии

Некои еротски фантазии се полесни за споделување од другите, но споделувањето со партнерот може да ви помогне да се поврзете, дури и ако вашиот партнер не ја дели истата желба. Во секој случај, корисно е вашиот партнер да знае кои се вашите желби и до каде оди вашата еротска имагинација.

Откако прочитавте кои прашања се срамиме да ги поставиме во љубовната врска, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врска.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар