Кои 5 намирници се вистински „сојузници“ за долговечност?

Кои 5 намирници се вистински „сојузници“ за долговечност?

Сигурно ви е добро познат фактот дека бобинките се меѓу најздравите намирници бидејќи се богати со влакна, антиоксиданси и други важни хранливи состојки. Според научниците, тоа се должи на присуството на пеларгонидин, состојка која може да го спречи когнитивното нарушување и да го спречи ризикот од Алцхајмерова болест.

Кои 5 намирници се вистински „сојузници“ за долговечност?

Што е пеларгонидин?

Диететичарот Кери Ганс објаснува дека црвената и портокаловата нијанса во овошјето се должи на ова соединение кое претставува антиоксиданс. За потсетување, антиоксидансите имаат функција на силен заштитник во организмот. Познато е дека антиоксидансите му помагаат на телото да се бори против слободните радикали и го намалуваат оксидативниот стрес кој може да доведе до разни срцеви заболувања.

Се смета дека ова соединение позитивно влијае врз целото тело благодарение на неговата антиоксидантна активност, но и карактеристиките што ги има како антоцијанинско соединение.

Истражување направено во јули 2022 година покажало дека зголемувањето на количината на пеларгонидин во организмот е клучно за одржување на здравјето на мозокот и когнитивната функција. Ви претставуваме 5 намирници богати со пеларгонидин кои ни помагаат да бидеме витални и во подоцнежните години.

1. Јагоди

Не е чудно што јагодите се на врвот на листата бидејќи се богати не само со пелагонидин туку и витамин Ц, за кој одамна е познато дека е борец против токсините, слободните радикали и е моќен засилувач на имунолошкиот систем.

2. Брусница

Брусницата има и докажани антиинфламаторни својства, а покрај пеларгонидин, се карактеризира и со антибактериски својства.

3. Сливи

Сливите се одговорни за бистар, брз и витален ум. Тие содржат полифеноли кои го спречуваат нарушувањето на когнитивните функции.

4. Ротквички

Освен што го содржат овој моќен антиоксиданс, ротквичките се полни и со калиум кој влијае на крвниот притисок и го намалува ризикот од срцево заболување. Освен тоа, тие се одлични за здрав скалп и сјајна коса.

5. Грав

Ако сакате да го зголемите внесот на пеларгонидин во организмот, тогаш консумирајте повеќе грав. Тој е и одличен извор на влакна кои го намалуваат нивото на холестерол и го одржуваат шеќерот во рамнотежа.

Откако прочитавте за овие намирници полни со антиоксиданси, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е важно секојдневно да внесувате антиоксиданси.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар