Кои 4 зборови привлекуваат негативна енергија доколку често ги изговарате?
Негативната енергија најчесто се создава како резултат на вашите сопствени мисли, зборови и дела и од вас зависи дали ќе ја прифатите како дел од вашиот живот или ќе ја отфрлите. Замената на негативна енергија со позитивна значи да ги замените лошите мисли со позитивни. И тука не е важно само што мислите, туку и што кажувате. Затоа, добро би било да размислите дали одредени зборови кои често ги изговарате привлекуваат лоши вибрации или не.
Негативната енергија ја носат зборовите кои предизвикуваат лоши емоции кај нас или кај другите – лутина, страв, незадоволство… Тоа не значи дека треба да се плашите да кажувате зборови кои имаат негативна конотација, туку дека треба да се фокусирате на тоа колку често ги изговарате, под каков емотивен набој и какво влијание имаат тие врз вас. Еве кои 4 изрази можат да привлечат негативна енергија доколку постојано ги изговарате:
1. „Тоа е невозможно!“
Ова го велите кога сметате дека е невозможно да направите нешто и кога не верувате дека ќе се случат некои добри работи и промени. На овој начин самите си ги поставувате пречки и си ги ограничувате можностите.
2. „Нема да успеам“
Ако постојано повторувате „нема да успеам“, можно е навистина да не успеете. Наместо да повторувате дека нема да успеете, дури и кога навистина ќе доживеете пораз, користете зборови кои можат да ве мотивираат да преземете акција.
3. „Проблем“
Подобро би било да го замените овој збор со „ситуација“ или „предизвик“. На тој начин можете да размислувате попозитивно и побрзо да се справите со ситуацијата која не ви се допаѓа.
4. „Омраза“
Ова е тежок и токсичен збор што не треба да биде во нашите животи, мисли и срца. Наместо омраза, подобро е да се каже: „Загрижен/а сум, ајде заедно да ја решиме оваа ситуација“.
Откако прочитавте кои четири изрази и зборови привлекуваат негативна енергија, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 знаци ќе ви укажат дека несвесно ширите негативна енергија.
Извор: sensa.mondo.rs