Кога ве обесхрабруваат, зборувајте уште погласно!

Кога ве обесхрабруваат, зборувајте уште погласно!

Нашата генерација е преполна со рамнодушност. Никој не сака да биде онаа личност што премногу се грижи, па затоа и се однесуваме како за ништо да не ни е гајле. Немојте да му дозволите на друштвото да ве увери дека искреноста е слабост и дека желбите и страстите се потценети.

Луѓето ќе се обидуваат да ве уверат дека животот е трка, но грешат. Невозможно е да целосно да се ужива во што било, ако истото го правите од далеку. Вие сте одговорни за сопствената среќа и затоа откријте што е тоа што ве усреќува и опкружете се со тоа. Зграбете ги оние работи што ги сакате и држете ги покрај себе без извинувања.

Немојте да обрнувате внимание на оние што се плашат од вашите емоции. Тие можеби се среќни со начинот на кој живеат, но вие не морате да бидете среќни со нешто што не ви одговара. Вложете време и труд во личност што ќе ја прифати вашата ранливост и побарајте ја онаа што нема да се плаши да ви каже како се чувствува.

Продолжете да го покажувате своето срце на луѓето, без разлика како е тоа прифатено бидејќи во спротивно ќе изгуби вредност во вашите очи. Личноста во која треба да се заљубите ќе го засака вашето срце, а не вашата сенка, а оние што бегаат од вас, ќе ви направат услуга, па возвратете им ја и вие така што храбро ќе тргнете кон иднината.

Вие одлучувате како ќе го обоите своите живот, односно дали ќе живеете со весели бои или пак, во сивило. Имате шанса животот да го изградите онака како што вам ви се допаѓа, па кога нешто правите, вложете го целото свое срце во него. А кога ви велат дека не треба да се надевате на нешто, кажете им дека животот без надеж не вреди да се живее.

Кога ве обесхрабруваат да го зборувате тоа што го мислите, зборете уште погласно! Побунете се против очекувањата што друштвото ви ги наметнало и покажете им колку навистина се грижите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар