Кога треба да пиете топла, а кога студена вода?
На нашето тело му е потребна вода за многу витални функции. Таа ја одржува идеалната телесна температура, го чисти телото од токсини и помага во дигестијата. Секој знае за важноста од пиењето вода, но малкумина се свесни дека исто важна е и нејзината температура.
Зошто да пиете судена вода?
Кога сте навистина жедни, сигурно нема ништо подобро од чаша студена вода. Па во текот на топлите летни денови или после напорен тренинг, на секого му е потребна чаша студена вода. Постојат уште неколку придобивки од студената вода:
- Помага во согорувањето калории: Кога консумирате ледено студена вода во организмот, телото почнува да троши повеќе енергија, обидувајќи се да ја врати температурата во нормала. На овој начин се забрзува метаболичкиот процес и се трошат повеќе калории.
- Ја намалува температурата на телото: Пиењето студена вода помага во спречувањето на прегревање на телото, особено доколку работите нешто на топло време. Непотребното покачување на телесната температура може да го оптерети срцето, бидејќи крвните садови настојуваат да се шират. Консумирањето студена вода ќе ја намали температурата, но и ќе ја спречи дехидратацијата која може да настане од прекумерно потење.
- Ќе ве разбуди: Дали се чувствувате уморно и летаргично, но во близина немате кафе? Наместо кафе, можете да се напиете студена вода. На овој начин ќе се зголеми бројот на отчукувања на срцето и ќе почне да се лачи адреналин, којшто ќе ве разбуди.
- Може да ви го подобри расположението: Според експертите, јадењето сладолед го активира делот од мозокот одговорен за расположението. Поради ова, и студената вода го има истиот ефект. Уште подобро е што водата ги нема шеќерот и калориите на сладоледот.
Можете да пиете студена вода секогаш кога сакате некоја од нејзините придобивки. Без разлика дали сте вежбале или само сте со лошо расположение, чашата студена вода ќе ви годи.
Зошто да пиете топла вода?
Според ајурведската медицина, пиењето топла вода го подобрува варењето на храната, ги намалува нуспродуктите на метаболизмот и го поттикнува лекувањето. Наводно, пиењето топла вода е подобро од студена, а најдобро е да ја консумирате наутро откако ќе станете. Некои од придобивките од пиењето студена се:
- Намалување на болките: Од главоболки и менструални болки, па сè до проблеми со желудникот, консумирањето топла вода ќе ви помогне да се справите со болките без лекови. Топлата вода има смирувачки ефект на телото и ги опушта нервите и мускулите.
- Го спречува прераното стареење: Топлата вода е одличен начин да се ослободите од насобраните токсини во телото. Кога телото ќе се исчисти, вашата кожа ќе стане помека и посјајна. Исто така, топлата вода го поттикнува лачењето на колаген и еластин, кои ја затегнуваат кожата и ги намалуваат порите.
- Подобрена функција на цревата: Топлата вода помага во разградувањето на малите честички, па тие полесно ќе поминат низ цревата. Пиењето топла вода ќе ви помогне да се справите и со надуеноста, гасовите и грчевите во стомакот.
- Подобрено варење: Пиењето студена вода по оброк може да ги стврдне мастите и маслата во храната, па на овој начин да го отежни варењето. Топлата вода е добра за вашиот желудник бидејќи помага во разградувањето на храната и апсорпцијата на хранливите материи.
Погледнете и во кои ситуации не е добро да пиете вода.