Кога треба да одберете кармин во интензивни бои, а кога да побарате подискретна нијанса?

Кога треба да одберете кармин во интензивни бои, а кога да побарате подискретна нијанса?

Добриот кармин може да направи чуда за вашето лице. Токму затоа понекогаш е доволно само да нанесете малку интензивен кармин на усните и малку маскара на трепките за да изгледате неверојатно. Меѓутоа, интензивниот кармин за усни не знае да го носи баш секоја жена. За ваквиот кармин е потребна одредена доза самодоверба, бидејќи со него ќе привлечете внимание, без разлика на тоа дали ќе се одлучите за класичен црвен кармин или пак за нијанса на силна розова, корална, портокалова, виолетова боја…

1-koi-situacii-se-idealni-za-nosenje-na-karmin-vo-intenzivni-boi-a-koga-treba-da-go-zamenite-so-nekoja-podiskretna-nijansa-www.kafepauza.mk_

Никогаш немојте да го заборавите правилото дека доколку нанесете интензивен кармин, останатата шминка треба да биде минимална. Нанесете малку маскара за волумен, без молив за очи или ајлајнер. Руменилото нека биде дискретно и минимално. Или пак, одлучете се за ајлајнер или за молив за очи и маскара за подолги трепки, без сенка за очи. Руменилото, исто така, нека биде дискретно.

СООДВЕТНИ СИТУАЦИИ ЗА ИНТЕНЗИВЕН КАРМИН:

1. Носење очила

Шминкањето на очите знае да биде малку комплицирано кога носите очила, бидејќи сенката не доаѓа до израз или пак, е премногу нагласена, доколку не е стручно нанесена. Токму затоа во овој случај добриот кармин е вашиот најдобар пријател, бидејќи ќе му даде баланс на лицето кога носите очила.

2. Дружење со пријателките

Времето кое го минувате со вашите пријателки е идеално за тестирање нови трендови во убавината. Ви предлагаме пред вашите пријателки за прв пат на „тест возење“ да го земете вашиот најнов кармин, бидејќи тие најдобро ќе ви кажат дали ви прилега или не.

3-koi-situacii-se-idealni-za-nosenje-na-karmin-vo-intenzivni-boi-a-koga-treba-da-go-zamenite-so-nekoja-podiskretna-nijansa-www.kafepauza.mk_

3. Лудо излегување

Нема подобра прилика за носење кармин со интензивна боја! Само во оваа ситуација одлучете се за мат варијанта или уште подобра опција е трајниот течен кармин, бидејќи трае подолго и не се пресликува на чашите.

4. Венчавка (па дури и својата)

Има ли нешто поубаво од ретро црвен кармин? Класична шминка со дискретна сенки на очите и истакнати црвени усни секогаш изгледа преубаво, па дури и во контраст со белата венчаница.

2-koi-situacii-se-idealni-za-nosenje-na-karmin-vo-intenzivni-boi-a-koga-treba-da-go-zamenite-so-nekoja-podiskretna-nijansa-www.kafepauza.mk_

5. Презентација на работното место

Добриот кармин за усни докажано го подобрува расположението и ја подига самодовербата. Затоа, ако ви е потребна дополнителна поддршка кога се соочувате со говор во јавноста, тогаш изберете кармин во интензивна нијанса. Добра препорака е класичната црвена боја која им прилега добро на сите жени.

НЕСООДВЕТНИ СИТУАЦИИ ЗА ИНТЕНЗИВЕН КАРМИН:

1. „Зачадена“ шминка

Сигурни сме дека обожавате убава зачадена шминка, но во тој случај потребна е некоја подискретна нијанса на кармин, бидејќи не сакате целото лице да ви изгледа пренатрупано и претерано. Повеќе на едниот крај од лицето секогаш значи помалку на другиот крај.

4-koi-situacii-se-idealni-za-nosenje-na-karmin-vo-intenzivni-boi-a-koga-treba-da-go-zamenite-so-nekoja-podiskretna-nijansa-www.kafepauza.mk_

2. Шопинг на облека

Некои жени сакаат да бидат средени кога излегуваат од домот, без разлика за каква прилика станува збор. Ако припаѓате во оваа група, тогаш имајте на ум дека при шопингот мора да се одлучите за некоја подискретна боја на кармин, или уште подобро целосно да го прескокнете. Тоа треба да го направите затоа што при соблекувањето карминот може да предизвика голема штета на ткаенината, а некои кармини многу тешко се вадат од облеката.

3. Прв љубовен состанок

Носењето кармин со интензивна боја не се препорачува на првиот љубовен состанок, особено доколку одите на вечера, па вашиот кармин би можел да се преслика на вашите заби. Но, и вашиот партнер може да посака да ве бакне на крајот од вечерата, а сигурни сме дека не сакате да си замине дома извалкан со кармин околу усните.

5-koi-situacii-se-idealni-za-nosenje-na-karmin-vo-intenzivni-boi-a-koga-treba-da-go-zamenite-so-nekoja-podiskretna-nijansa-www.kafepauza.mk_

4. Запознавање со неговите родители

За првата средба со семејството на вашиот партнер треба да изберете пристојна шминка. И тука важи истата ситуација како и кај првиот љубовен состанок. Ако планирате да вечерате со нив нема да се грижите за тоа дали вашиот кармин ќе се избрише додека јадете или ќе се преслика на брадата и забите.

5. Погреб

Од чиста почит кон покојната личност и нејзиното семејство вие не би требало да го привлекувате вниманието со ултра интензивен кармин. Во оваа ситуација изберете дискретна и пристојна шминка или целосно прескокнете ја.

А, доколку сте вистински љубители на интензивните кармини, погледнете кои работи може да ги разберат само девојките кои се опседнати со црвен кармин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар