Кога треба да го направите спротивното од она што го чувствувате?

Кога треба да го направите спротивното од она што го чувствувате?

Емоциите можат да ни бидат од голема корист кога нè водат кон конструктивни патишта, но понекогаш тие знаат да бидат многу опасни и да нè насочуваат на погрешна страна. Во некои ситуации многу е подобро да се „исклучиме“ од нашите емоционални инстинкти отколку импулсивно и без прашање да дејствуваме според нив.

Кога треба да го направите спротивното од она што го чувствувате?

Една техника која се употребува во спречување на овие деструктивни емоции се нарекува „спротивна акција“. На пример:

  • Гневот честопати нè тера да станеме агресивни, вербално или физички.
  • Тагата ни предизвикува потреба за изолација и желба да не правиме буквално ништо.
  • Стравот нè убедува дека треба да избегаме од одредена ситуација.
  • Срамот обично нè тера да се криеме.

Кога вие одлучувате да ја следите онаа постапка која ви доаѓа природно од некои негативни емоции, по некое време може да заглавите во магичен круг од кој тешко се излегува. Но, ако успеете да научите да ги препознавате емоциите кои работат против вас и ако се обидете да го направите спротивното од тоа што тие ве тераат, тогаш има големи шанси да се вратите во вистинската насока.

Нареден пат кога ќе бидете нерасположени и кога нема да сакате да излезете од дома, пробајте да се убедите себеси да отидете на кафе со пријателите. Бидејќи уште во старт сте имале лоши очекувања за вечерта, дури и ако ништо интересно не се случи вие ќе си поминете одлично и ќе ви биде драго зашто не сте останале дома. На истиот начин, направете „спротивна акција“ како одговор и на други негативни емоции:

  • Кога сте некому лути, направете нешто добро за него/неа.
  • Кога ви е премногу страв да се обидете нешто ново, соберете храброст и направете го тоа.
  • Кога не ви се станува од кревет, натерајте се себеси да излезете на свеж воздух.
  • Кога се срамите за нешто што сакате да го сокриете, бидете отворени и споделете го со вашите најблиски.

Ова е многу полесно да се каже отколку да се направи, но ако успеете да се сконцентирате на „спротивната акција“ од овие негативни емоции, ќе можете многу полесно да го прекинете нивниот циклус на траење. Оваа техника ќе ви помогне да не бидете „роб“ на своите емоции. Само поради тоа што чувствувате дека треба да направите нешто, не мора да значи дека мора да им дозволите на тие емоции да ви го диктираат животот.

Сите ние правиме грешка кога веруваме дека мора да чувствуваме дека нешто е добро, пред да преземеме соодветна акција. Но, понекогаш потребно е да тргнеме по вистинскиот пат пред да се препуштиме на емоциите. Од време на време треба да бидете добри со луѓето околу вас, не затоа што тоа го сакате, туку затоа што на тој начин ќе бидете поздрави и посреќни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар