Кога сонцето ќе ви „удри“ во глава: 5 начини за справување со сончаница
Сончаницата е сериозна здравствена состојба што настанува по изложување на вашата глава на сончевата топлина. Првите симптоми се главоболка, вртоглавица, немир, црвенило на лицето и температура над 38,9 степени. Подоцна може да се јави зуење во ушите, проблеми со видот и омалаксаност, како и несвестица. Па, што можете да направите во оваа ситуација?
1. Пронајдете разладено место, некаде под сенка. Соблечете што поголем дел од вашата облека, за да можете побрзо да се разладите. Доколку сте дома, наполнете ја кадата со умерено ладна вода или застанете под туш. Исто така можете и да ставите мокра крпа на страничниот дел од вратот, на препоните и/или под пазувите.
Спротивно од општото верување, личноста со сончаница не смее да се лади со алкохол затоа што тој пребрзо ќе го разлади телото и тоа може да доведе до опасни флуктуации на телесната температура.
2. Легнете на рамна површина. Кога станува збор за сончаница, несвестицата е секогаш опција, па затоа е важно што побрзо да легнете. Доколку дојде до онесвестување, некој треба да ве заврти на левата страна (таму е срцето, па циркулацијата побрзо ќе проработи) со левата нога свиткана, за одржување стабилност.
3. Надополнете го телото со течност, но не пребрзо. Пијте малку подзасолена вода (1 лажица сол на 100 милилитри вода) за да ја намалите дехидрацијата и губењето на солите преку потењето. Водата не смее премногу брзо да се пие, со цел да се спречи можноста за доживување шок на телото. Ако немате солена вода во близина, истото можете да го направите и со обичната.
4. Останете мирни. Во оваа состојба, секој може да доживее паника, но важно е да останете мирни. Тоа можете најлесно да го постигнете со длабоко дишење. Чувството на вознемиреност дополнително го забрзување пумпањето на крвта, а тоа па дополнително ја подигнува температурата на телото.
За побрзо да поминат симптомите, најдобро е некој да измасира нежно, со цел да се забрза циркулацијата на крвта. Грчевите во мускулите, особено во листовите, се исто така рани симптоми на сончаница.
5. Ако симптомите се екстремни и долго траат, веднаш повикајте брза помош. Со други зборови, ако главоболката, вртоглавицата, немирот и црвенилото на лицето траат повеќе од еден саат, потребно е итно да повикате брза помош.
За сончаница не смеат да се земаат никакви лекови, како на пример, аспирин, бидејќи тие можат дополнително да ја влошат вашата состојба.
Прочитајте и како да го преживеете жешкото лето и да уживате во него со полни гради.