Кога сите бродови ќе ви потонат, а животот ќе ве издаде: 12 начини да се вратите во нормала!
Проблемите ве скршија! Тоа се гледа на вашето лице, тело, но и по вашите мисли. Без оглед на тоа колку се обидувате не можете да престанете да размислувате за вашите проблеми. Поради тоа имате чувство дека телото ви е тешко, а мозокот одбива да ве послуша. Обидете се низ оваа ситуација да одите чекор по чекор.
1. Спијте како да не постои утре
Вашето тело е механизам кој беспрекорно функционира. Поради тоа е потребно редовно да го исклучувате за таа машина да не прегори. Осумчасовен сон е сето она што ви е потребно. Научниците откриле дека мозокот се чисти од отровите и токсините во текот на цврстиот осумчасовен сон. Доколку не можете да одвоите осум часа за сон, тогаш одвојте 30 минути за секојдневна дремка. Таа навика ќе му помогне на вашето тело да собере доволно енергија за да го помине денот.
2. Размислувајте додека јадете
Поточно размислувајте за тоа што јадете и како јадете. Оваа навика е многу важна. Пред сè ќе ви помогне да го сфатите вашето тело посериозно и доколку размислувате за тоа што јадете, тоа значи дека ќе јадете поздраво. Никој свесно не би го труел своето тело со брза храна и пекарски производи. Со развивањето на овие навики вие ќе бидете значително поздрави, а со самото тоа и посреќни.
3. Оставете го кафето
Кофеинот ќе направи вашето срце да чука побрзо и вашата глава да одекнува. Доколку сте веќе под стрес, дополнителниот стимуланс нема да ви биде потребен. Време е кафето да го замените со некоја поздрава напивка. Наша препорака е топла лимонада со мед која ќе направи вашето тело да се исчисти од токсините и да се заштити од вирусите.
4. Вежбајте
Ако досега не сте почнале, сега е дефинитивно време да го сторите тоа. Не мора да биде некој сериозен спорт. Доволно е секој ден да одите брзо во текот на 30 минути. Уште подобро е ако надвор времето е посвежо. Утринските вежби ќе го изострат вашиот ум и ќе создадат резерви на енергија за целиот ден. Ако спаѓате во групата луѓе кои немаат никаква допирна точка со спорт, тогаш најдобро би било за почеток да одвоите само 10 минути за некоја физичка активност, па со тек на време да ја зголемувате.
5. Уживајте во тишината
Тоа не мора да биде класична медитација. Доволно е дневно да одвоите по пет минути осаменост во тишина за да го освежите вашиот мозок од надворешните влијанија. Науката цели дека личностите кои редовно медитираат полесно се соочуваат со проблемите и побрзо донесуваат поефикасни животни одлуки.
6. Водете сметка за вашата кожа
Можеби звучи смешно, но здравата кожа создава среќна личност. Воведете вечерни рутини за нега на кожата. Тоа ќе ви помогне повеќе да се грижите за себе. Ако повеќе се грижите за своето тело, повеќе ќе се цените себеси.
7. Хранете ја вашата душа, изгладнувајте го вашето его
Пораката е едноставна: Читајте книги и слушајте музика што ве прават посреќни. Одете на долги прошетки, јадете добро и негувајте се. Заборавете ги приказните за другите луѓе. Избегнувајте ги енергетските вампири. Игнорирајте ги луѓето кои ве прават несреќни или незадоволни.
8. Верувајте на вашата интуиција
Ако чувствувате дека е добра одлука, не размислувајте повеќе, туку едноставно направете го тоа. Вашето тело честопати знае дека тоа е добро за вас, иако мозокот сè уште не ја направил одлуката. За да не изгорите, верувајте си себеси!
9. Прекинете ја рутината
Ако не ја сакате вашата работа, обидете се да пронајдете хоби кое ве исполнува. Поради тоа имате причина за радост по секое будење. Вие не сте само она што другите го гледаат на работното место. Обидете се кога ќе пристигнете дома да не го вклучувате компјутерот, телефонот, да ги оставите социјалните мрежи…
10. Опкружете се со позитивни луѓе
Ако вашиот најдобар пријател е мрачен и негативен, тогаш оттргнете се од него. Луѓето одвреме-навреме можат да западнат во безнадежност, но ако тоа е така постојано, тогаш оддалечете ги тие личности од вашиот живот. Потребен ви е некој што ведро гледа на работите. Таа личност може да ги прошири вашите видици, а не да ве фрли на дното.
11. Научите нешто ново
Учењето нè прави посреќни. Без разлика дали тоа се нови странски јазици, плетење, веб-дизајн и слично, вашиот мозок ќе ви биде благодарен ако научите нешто ново. Секако дека на тој начин и ќе ги подмладите вашите мозочни ќелии.
12. Водете дневник
Експертите велат дека водењето дневник ослободува од стресот и создава креативни личности. Проблемите полесно се решаваат, одлуките побрзо се донесуваат… За да го подобрите вашиот живот напишете неколку реченици на тема: Како би сакал/а да изгледа мојот ден? Одговорот може да ве изненади. Но, утре барем ќе знаете што е тоа што ве прави посреќни.