Кога се обидувате да му докажете дека сте заинтересирани, вие само го оддалечувате од себе

Кога се обидувате да му докажете дека сте заинтересирани, вие само го оддалечувате од себе

Сте се нашле ли и вие во ситуација кога по првиот состанок со ново момче не сте добиле никаква порака или повик? Најпрво се убедувате себеси дека е срамежлив и несигурен, а потоа се обвинувате дека можеби не сте покажале доволно интерес за него, сте зборувале премногу или сте испиле повеќе отколку што треба. Тогаш почнувате да бидете депресивни и потклекнувате на искушението да му се јавите. Но, повторно сте одбиени. Потоа, излегувате на места каде што се надевате дека ќе го сретнете и дека тоа ќе го потсети на вас и ќе се заинтересира повторно. Наместо тоа, пак останувате повредени поради неговиот однос.

Кога се обидувате да му кажете дека го сакате, само го оддалечувате од себе

Ако треба да избирате дали да му се јавите или не, одговорот е „НЕ!“

Доколку го направите спротивното и имате можност за втор и трет состанок, вие секогаш ќе се обидувате да му ја покажете вашата заинтересираност така што ќе го прогонувате на социјалните мрежи, ќе ги откажете своите планови со другарките само за да излезете со него, ќе му давате подароци, ќе му ја понудувате својата помош и еден куп други работи. Но, вистината е дека треба да престанете со овие работи и да ја контролирате својата несигурност. Опседнатоста со човекот кој не се чувствува на ист начин како вас покажува ниско ниво на самодоверба. Ако себеси не се сметате за вредни, тогаш тоа нема да го прави ниту тој.

Размислете, оној кој е заинтересиран за вас постојано ќе ве бара, ќе ви се јавува, ќе ви испраќа пораки и ќе сака да поминува повеќе време со вас. Нема причина да се опседувате со некој што не вреди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар