Кога не ви е до вежбање: Со танцување до совршена линија
Истражувањата покажаа дека партија добро танцување делува еднакво ефикасно како еден час пилатес. Малку танц не само што го подобрува расположението, туку и го доведува телото во совршена форма. Не мора да посветувате многу време, доволно е многу малку за да се вратите во форма.
Според некои пресметки, со еден час танцување се согоруваат дури од 200 до 600 калории. Покрај тоа, танцувањето ни помага да ја зголемиме силата, издржливоста, да го поправиме тонусот на мускулите, да ги подобриме флексибилноста и циркулацијата, па дури и го намалува процесот на стареење. Сето тоа се случува во нашиот организам, а ние воопшто не забележуваме додека уживаме во добриот ритам и се опуштаме.
Па затоа, доколку не сакате да тренирате или не ви е до регуларно вежбање, само пуштете ја омилената музика и препуштете се. Секако, може да ги повикате другарките, па да направите забава.
Која опција ќе ја одберете воопшто не е важно, бидејќи танцувањето со сигурност ќе ви го поправи расположението, па дури и ќе ви ја врати насмевката доколку сте имале лош ден.
Во случај од која било причина да ви е незгодно, на интернет може да пронајдете бројни програми за вежбање со придружба на музика, вклучувајќи ја и популарната зумба.
Иако зумбата е случајно откриена, денес е најпознат режим за вежбање. Во текот на овој вид танцување, во телото се раздвижуваат голем број мускули, а благодарение на брзиот ритам се подобрува кондицијата, додека истовремено се чувствувате како да сте на забава. Некои истражувања покажаа дека резултатот од краткиот тренинг со зумба е еднаков на еден час нордиско трчање, па дури и на справа во теретана.
Иако зумбата ги активира поголемиот дел од мускулите, нивното дефинирање повеќе ќе дојде до израз кај мажите отколку кај жените. Ова вежбање ги јакне мускулите, но резултатите нема да ги видите толку брзо колку што ќе ги почувствувате.
Ете, ако посакувате забавен тренинг пред вас се многубројни опции. Изберете ја онаа која најмногу ви се допаѓа, опуштете се, препуштете се на добриот ритам и доведете го вашето тело во одлична форма.