Кое овошје е најдобро да се консумира за време на појадокот?

Кое овошје е најдобро да се консумира за време на појадокот?

На сите нам ни е добро познато дека појадокот е најважниот оброк во денот. Сепак, важно е и што ќе избереме за првиот оброк бидејќи добро урамнотежениот појадок овозможува правилно функционирање на целото тело во текот на денот.

Кое овошје е најдобро да се консумира за време на појадокот?

Овошје за појадок – да или не?

Полно со влакна и важни хранливи материи, овошјето е одличен додаток за време на појадокот. Без разлика дали ќе ги комбинирате со смуди или со овесна каша, одредени овошја ќе ви ја зголемат продуктивноста во остатокот од денот.

Агруми

Портокалите, лимоните, грејпфрутите и лиметите се одличен извор на витамин Ц, калиум и фитонутриенти кои имаат антиинфламаторно дејство.

Јаболко

Ова овошје е богато со влакна, витамин Ц и антиоксиданси. Јаболката имаат антивирусно и антибактериско дејство и го зајакнуваат имунолошкиот систем. Покрај тоа, тие им помагаат и на луѓето со сезонски алергии.

Малини

Малините се идеален додаток на смуди, каши и јогурт. Тие содржат фитонутриенти, антиоксиданси и антиинфламаторни состојки, а полни се со влакна и витамин Ц.

Калинка

Ова овошје е одличен извор на антиоксиданси кои ги штитат клетките од слободните радикали. Покрај тоа, содржи витамини Ц и К, како и калиум, влакна и фолна киселина.

Боровинки

Освен влакна, боровинките содржат витамин Ц, манган, фитонутриенти, антиоксиданси и антиинфламаторни состојки кои го штитат срцето и го намалуваат ризикот од хронични заболувања.

Диња

Дињите се богати со витамини А и Ц, калиум и влакна, а бидејќи содржат многу вода, тие се одличен начин за хидратација веднаш по будењето. Покрај тоа, тие содржат многу малку калории.

Банана

Многу популарно овошје за појадок, бананите содржат влакна, витамини од Б-комплексот и минерали како што се калиум и магнезиум. Покрај тоа, бананата заситува и може да ви обезбеди енергија со часови.

Авокадо

Ова овошје е добар избор за појадок, пред сè поради влакната кои го поддржуваат варењето и ве одржуваат сити долго време. Можете да го намачкате на тост или да го додадете во вашиот омилен рецепт за смуди.

Откако прочитавте кое овошје е најдобро за консумирање за време на појадокот, можеби ќе сакате да прочитате и кое овошје содржи висок процент на протеини.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар