Кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?
Најдобриот момент за да соопштите лоши вести е 19 часот
Никој не сака да соопштува ниту да слуша лоши вести во ниеден момент од денот, но ако веќе морате да бидете лошиот курир, а ситуацијата може да почека, пробајте да го сторите тоа навечер, кога крвниот притисок е понизок и отчукувањата на срцето се помирни. Најлошиот момент за соопштување лоши вести е периодот од 6 часот наутро до 12 часот на пладне, вели Марк Дивинчензо, автор на книгата „Buy Ketchup in May and Fly at Noon: A Guide to the Best Time to Buy This, Do This and Go There“. Во тој период крвниот притисок е највисок и срцето позабрзано чука, поради што лошите вести можат да извршат притисок врз артериските ѕидови, што од своја страна може да доведе и до срцев удар на личноста која ги слуша. Тој вели дека во суштина, во 40% од случаите, срцевите удари се случуваат токму во овој период од денот, од 6 часот до пладне.
Најдобриот момент за учење е од 20 часот до полноќ
Нервниот систем е најмногу стимулиран околу 20 часот и ја подобрува нашата способност за долтрајно меморирање. „Истражувачите теоретизираат дека кога нервниот систем е возбуден, мозокот обрнува поголемо внимание на информациите кои ги смета за важни и интересни.“ – објаснува Дисинчензо. Поради тоа, овој период од ноќта е најдобар за вежбање на битната презентација со која треба да се покажете на работното место или за повторување на материјалот од испитот, ако сте студент.
Најдоброто време за секс е од 22 до 1 часот
Можеби во овој дел од денот се чувствувате најуморно, но тоа не значи дека треба да заспиете пред да се помилувате со вашиот партнер. Според зборовите на Дивинчензо, нашата кожа е почувствителна и допирот помоќно го чувствуваме откако ќе се појави Месечината на небото. Немојте да се грижите дека ќе изгубите голем дел од вашето драгоцено време на сексуалниот чин, бидејќи според недамнешно истражување објавено во Списанието за сексуална медицина, повеќето луѓе сметаат дека сексот кој трае од 7-13 минути, е идеален.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Најдоброто време за спортување е од 16 до 18 часот
хуху мене тренингот ми почнува во 16, а ми трае до 18 :)) епа мило ми е 🙂 хаха