Клучот за успехот во врските не е она што вие мислите дека е
Конечно наоѓате личност која ви се допаѓа и кон која чувствувате нешто повеќе од привлечност. Поврзаноста помеѓу вас е взаемна и цврста, би можеле дури да кажете и совршена. Токму затоа животот ви изгледа посветол и посреќен и сите оние нешта кои порано ви пречеле сега изгледа како да не допираат до вас. Вашата врска брзо станува сериозна, па дури разговарате и за заеднички живот. Но, како што поминува времето, така работите необјасниво почнуваат да се влошуваат.
Зборот „совршено“ одеднаш го снемува од вашиот речник и сите оние нешта кои некогаш ви пречеле, повторно ги чувствувате како најлошото нешто што може да му се случи на еден човек. Вие и вашиот партнер се губите во комуникацијата, хемијата исчезнува, а на нејзино место се појавуваат негативни чувства. И веќе знаете како завршува оваа приказна. Но, тоа не значи дека секоја врска е осудена на пропаст. Погледнете ги овие 3 пристапи со чија помош ќе создадете цврсти темели на врската кои ќе ви овозможат иднина помеѓу вас и вашиот партнер…
1. Дочекувајте го секој ден со намера да учите – Дури и ако станува збор за нешто многу мало, многу луѓе не ги гледаат врските како нешто од што можат да научат нешто за себе. Тие им даваат отпор на промените, заземаат одбранбен став и најчесто ја обвинуваат другата личност за сè. Но, доколку гледате на вашата врска како на можност да научите нешто ново за себе, за вашиот партнер и општо за динамиката на врската, вие ќе ѝ пристапите на целата ситуација поотворено и пољубопитно, наместо со лутина и осудување.
2. Забележете ги придобивките – Многумина се фокусираат на сите оние нешта кои им недостасуваат на нивните врски и токму затоа воопшто не ги забележуваат оние нешта кои се подобруваат. Работите можеби не се совршени или онакви какви што вие сакате да бидат, но секоја позитивна промена во врската води кон подобра иднина, па токму затоа треба да бидете горди на неа.
3. Сфатете ја улогата на вежбањето при формирање на вештината за справување со проблемите – Секоја вештина има потреба од тренинг. Разберете дека вие, вашиот партнер и вашата врска никогаш нема да бидете совршени, па токму затоа гледајте на врската како на патување, еден вид процес, или искуство кое има свои добри и лоши мигови. Ниту еден проблем во врските не може да се реши набрзина, за сè е потребно време и трпение. Но, не гледајте на конфликтите како на нешто целосно негативно, бидејќи тие се одличен начин да се запознаете подобро. Постои лекција позади секој проблем, а вештината да се справувате со овие проблеми се изградува преку учење од добрите, но и од лошите моменти.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.