Клучното прашање за здрав и исполнет живот: Зошто не јас?

Клучното прашање за здрав и исполнет живот: Зошто не јас?

Во некој момент од животот секој од нас барем еднаш си го има поставено прашањето: Зошто јас? Животот не е совршен, но сепак има многу убави моменти, иако најчесто луѓето повеќе внимание обрнуваат на негативните страни. Кога ќе се соочиме со големи проблеми, ретко помислуваме дека после бурата доаѓа сонце и подобри времиња. Наместо тоа, упорно „удираме со главата во ѕид“ и се прашуваме зошто токму нам ни се случува тоа. Но, прашањата кои си ги поставуваме во тој момент многу влијаат на тоа како ќе се однесуваме во тие ситуации. Па, наредниот пат кога ќе се најдете во таква ситуација, обидете се да се прашате „зошто“, а не „зошто јас“.

Клучното прашање за здрав и исполнет живот: Зошто не јас?

Надминувањето на себичноста носи трајни награди

Кога ќе се соочат со некој проблем, луѓето најчесто ја обвинуваат судбината, Бог или некој друг, но со самото тоа покажуваат колку се на некој начин неспособни. Што мислите дека ве прави толку подобри и поразлични од другите, што вам не би требало да ви се случуваат лоши работи? Наместо да имате филозофија на себичност во вашиот живот, можете да ги промените клучните прашања кои си ги поставувате, па да се прашате: Зошто не јас? Секој доживува различни несреќи во животот врз кои не може да влијае. Но, зошто да се откажете? Зошто да не си дадете шанса да го освоите предизвикот? Зошто да не погледнете на проблемот како на подарок и благослов? Променете ги своите точки на гледање и наскоро ќе можете на своите негативни страни да им пристапите со доверба, надеж и насмевка.

Прашањето „зошто јас?“ прави да го гледате животот на лош начин

Несреќата постои насекаде и во одредени моменти и вие ќе се соочите со оние аспекти од животот со кои не би сакале. Но, колку побргу сфатите дека треба да се соочите со болката, загубата и обесхрабрувањето, толку подобро ќе можете да го живеете животот. Вие самите ги одбирате клучните прашања кои ќе си ги поставувате, па врз основа на тоа или ќе постигнете нешто подобро или ќе западнете во бездна каде што постојано ќе се самосожалувате. Доколку секогаш се прашувате зошто токму вам ви се случува тоа, тогаш свесно или несвесно ќе почнете да ги барате своите грешки или маани, кои нема да ви дозволат слободно да продолжите по својот пат. Запаметете дека никој не е совршен и дека секој има недостатоци, но од вас зависи дали ќе им дозволите тие во голема мера да влијаат на вашата иднина.

Клучното прашање за здрав и исполнет живот: Зошто не јас?

Мудроста на Соломон

Мудроста на Соломон вели:

„Времето и можностите му се случуваат секому.“

Што можете да научите од ова? Времето и можностите ќе ги донесат вашите одлуки, а не вашите стравови, сомнежи или неуспеси. Победете ја себичноста и почнете да се прашувате „зошто не јас?“ На овој начин ќе стигнете до решенијата и полесно ќе ги поминете сите проблеми кои ќе ви излезат на патот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар