Класика: Италијански рецепт за шпагети за кој ви се потребни само неколку состојки!

Класика: Италијански рецепт за шпагети за кој ви се потребни само неколку состојки!

Тестенините се незаменлив дел на секоја италијанска трпеза, а како такви најчесто се комбинираат со малку состојки. Пример за тоа е класичниот рецепт за шпагети со сирење и црн пипер кој ви го споделуваме во продолжение.

Класика: Италијански рецепт за шпагети за кој ви се потребни само неколку состојки!

Потребни состојки:

  • 400 грама шпагети
  • 1 лажица свежо мелен црн пипер
  • 5 супени лажици путер
  • 4 супени лажици маслиново масло
  • 200 грама рендан пармезан
  • 120 грама рендано овчо сирење
  • сол по желба

Начин на подготовка:

1. Сварете ги тестенините. Исцедете ги од вишокот течност и оставете настрана 300 милилитри од водата во која биле сварени.

2. Во голема тава пропржете го црниот пипер околу 30 секунди. Додадете ги путерот и маслиновото масло и оставете ги состојките да се соединат околу минута или две.

3. Во тавата додадете ги сварените тестенини и поголемиот дел од водата за готвење. Измешајте ги тестенините во тавата без да користите кујнски прибор. Потоа додадете рендан пармезан, сирење и остатокот од течноста во која се готвеле тестенините.

4. Префрлете ги тестенините во чинија и послужете ги топли. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за печени шпагети со мелено месо и три вида сирење.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар