Ќе станете посилни од негативноста кога...

Ќе станете посилни од негативноста кога…

Дали сте забележале дека секогаш сте негативни и на светот гледате резервирано, а не ретко и со презир? Дали се плашите да зачекорите во новиот ден и сѐ ви изгледа бесмислено? Сте се запрашале дали секој одговор мора да ви започнува со негација? Прочитајте што треба да промените за да станете попозитивна личност…

(0)-kje-stanete-posilni-od-negativnosta-koga-kafepauza.mk

1. Ќе станете посилни од негативноста кога ќе престанете да гледате што прават другите и ќе почнете да се грижите за тоа што го правите вие.

2. Ќе станете посилни од негативноста кога ќе престанете да размислувате дека сѐ уште не сте подготвени за предизвиците низ кои сакате да поминете.

3. Ќе станете посилни од негативноста кога нема да чекате одобрение од другите за исполнување на вашите желби и потреби.

4. Ќе станете посилни од негативноста кога ќе престанете да очекувате нешто кое веќе знаете дека никогаш нема да се оствари.

5. Ќе станете посилни од негативноста кога ќе сфатите дека не мора да ги задоволите оние кои ги познавате така што ќе им ги исполнувате сите желби.

6. Ќе станете посилни од негативноста кога ќе преземете одговорност за вашиот живот, без да очекувате дека некој друг ќе се погрижи за вас.

7. Ќе станете посилни од негативноста кога ќе сфатите дека треба да уживате во животот, а не тоа да го очекувате во некоја неодредена иднина.

8. Ќе станете посилни од негативноста кога ќе сфатите кој ви е вистински пријател, а кој само се преправа дека ви е пријател.

9. Ќе станете посилни од негативноста кога ќе почнете сериозно да гледате на секојдневните можности што ви ги нуди животот, колку и да изгледаат мали и неважни.

10. Ќе станете посилни од негативноста кога ќе ги прифатите животот и луѓето онакви какви што се, без да очекувате дека ќе се прилагодат на сликата во вашата глава.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар