Ќе останете воодушевени: Едноставен трик за нанесување хајлајтер!
Доколку сте искрени обожаватели на хајлајтер (а, кој денес не е?), тогаш ќе се воодушевите од трикот кој во продолжение ќе го споделиме со вас. Станува збор за доста едноставен и феноменален начин за да го нанесете хајлајтерот, односно, да наравите сјајот на вашето лице да трае подолго. За ова да успее, покрај хајлајтерот и четката за нанесување ќе ви биде потребно и кокосово масло.
Чекор 1: Нанесување на хајлајтер во прав
Со помош на четката нанесете хајлајтер на јаболкниците.
Чекор 2: Нанесете го кокосовото масло
На местата каде што претходно нанесовте хајлајтер, сега додајте и малку кокосово масло. Не тријте премногу грубо. Исто така, предноста овде е тоа што ќе ја искористите топлината од вашите прсти за да го измешате маслото со вашата кожа и хајалјтерот.
Чекор 3: Нанесете уште малку хајлајтер
Откако добро ќе го нанесете кокосовото масло, нанесете уште малку хајлајтер. Сега, не мора да се грижите колку долго ќе стои сјајот на вашето лице. Кокосовото масло ќе го задржи, но и ќе му даде дополнителен, преубав, природен сјај.
Меѓутоа, ефектот ќе биде доста интензивен, односно, сјајот ќе биде повеќе истакнат, па затоа ве советуваме овој трик повеќе да го применувате во вечерните часови.
Добро кој се` не ви пишува статии. Трлајте како збор во нашиот јазик не постои. Може да се употреби „втрие“ или „трие“. Зборот „трља“ е спрски, а вие сте го искасапиле со тоа што и погрешно сте го напишале. Не е секој роден за „писател“ (да не речам предевувач од странски статии).
Keri, благодариме за посочувањето. Зборчето е поправено. Во секој случај, нема потреба од навреди. Пропусти се прават во секоја работа, не значи автоматски дека се резултат на незнаење. Таман работа ако секој писател или преведувач не би можел да биде тоа што е заради едно погрешно провлечено зборче.