Ќе го обожавате: Рецепт за ролат со чоколадо и пире од костени

Ќе го обожавате: Рецепт за ролат со чоколадо и пире од костени

Денес ви предлагаме рецепт за ролат со чоколадо и пире од костени, совршен избор за новогодишните и божиќните празници!

Ќе го обожавате: Рецепт за ролат со чоколадо и пире од костени

Потребни состојки:

За кора:

  • 300 грама бел шеќер
  • 180 грама белки (приближно 5 до 6 јајца)
  • 50 грама какао во прав
  • 50 грама темно чоколадо
  • ¼ лажичка прашок за пециво
  • прстофат сол

За фил:

  • 250 грама шлаг крем
  • 200 грама пире од костени
  • овошје по желба (на пр. вишни од конзерва)

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 160 степени целзиусови. Подгответе правоаголен сад за печење – премачкајте го со путер/или покријте го со хартија за печење и оставете го на страна.

2. Темната чоколада исечкајте ја на помали парчиња.

3. Измешајте ги белките со малку сол и прашок за пециво. Потоа постепено додавајте го шеќерот и мешајте додека не добиете мазна и густа смеса без грутки.

4. Додајте го какаото во прав и поголемиот дел од сечканото темно чоколадо.

5. Префрлете ја смесата во подготвениот сад. Одозгора посипете го остатокот од темното чоколадо. Се пече во загреана рерна 30 до 40 минути.

6. Измешајте го шлаг кремот со пирето од костени.

7. Префрлете го изладениот пандишпан во проѕирна фолија која претходно сте ја посипале со малку какао. Намачкајте ја смесата врз ролатот и додадете овошје по желба.

8. Ролатот внимателно завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер да отстои околу два часа. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог за десерт, можеби ќе сакате да прочитате и најлесниот рецепт за панетоне, колач без кој не може да се замисли Божиќ во Италија.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар