Кинеско верување тврди дека само еден дел од телото открива какви љубовници сте
Народните верувања се одамна предмет на дебати. Додека некои луѓе целосно веруваат во нив, останатите се уверени дека станува збор за бабини деветини и воопшто не ги сфаќаат сериозно. Но, Кинезите одамна веруваат дека прстите на нозете го откриваат карактерот на човекот, започнувајќи од тоа дали е роден авторитет, па сè до тоа како се снаоѓа под чаршафите. Погледнете како изгледа нивната „дијагностика“…
Палец
Ако палецот е подолг од останатите прсти, тогаш вие сте интелигентни и креативни и одлично се носите со проблемите. Затоа и на луѓето никогаш не им е досадно да бидат покрај вас, особено ако станува збор за забава под чаршафите!
Втор прст
Должината на овој прст открива дали сте родени лидери. Ако тој е подолг од останатите, најверојатно сте динамична личност што сака да доминира. Интересно е да се знае дека Кинезите во минатото цврсто верувале во ова правило па затоа и не сакале да стапуваат во брак со жена со долг втор прст која би била потенцијално многу доминанта.
Среден прст
За Кинезите овој прст е многу важен затоа што ја открива духовната состојба, односно животната енергија на човекот. Тие веруваат дека што подолг е прстот, толку поголеми се шансите за успех во кариерата. Наспроти тоа, ако имате краток среден прст, најверојатно семејството и пријателите ви се на прво место.
Четврти прст
Ако е долг и рамен, тогаш вие сте грижлива и чувствителна личност на која семејството ѝ е на прво место и која е секогаш спремна да помогне. Но, ако овој прст ви е пократок, тогаш е знак за силен карактер – личност што знае како да постигне сè што ќе посака со своите сопствени сили.
Мал прст
Ако вашиот мал прст е нетипично краток, уште на прв поглед е јасно дека сте забавна личност која е склона на будалштини. Вие сте многу интелигентни, но тешко останувате мотивирани па затоа и лесно губите интерес за нештата. Од друга страна пак, личноста што може да го помрдне овој прст без да ги мрдне другите се верува дека е многу способна во кревет – страсна и одличен љубовник! Особено за кратка авантура.
Дознајте и која е положба на прстите која може да ве смири и веднаш да ве врати во рамнотежа.