Кејт Мос во пролетната колекција на „Mango“
Манекенката Кејт Мос е новото заштитно лице на модната куќа „Mango“. Претставниците од модната куќа велат дека Кејт е избрана да го претставува брендот, бидејќи таа е пример за урбана, независна и силна жена, а оваа колекција е наменета токму за овој тип девојки.За потребите на каталогот за пролетната колекција на „Mango“, Кејт носи ненападна шминка и разбранета коса со што се истакнува нејзината природна убавина. Според фотографиите, „Mango“ за оваа пролет подготвува женствени фустани и палта. По својот крој фустаните потсетуваат на периодот од шеесеттите години на минатиот век, но покрај овие посвечени парчиња, тие спремиле и линија со полежерни модели.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.