Кажете збогум на лошото варење на храната: Зелено смуди кое ја подобрува работата на цревата

Кажете збогум на лошото варење на храната: Зелено смуди кое ја подобрува работата на цревата

Многу луѓе секојдневно патат од болки во желудникот и абдоминалниот дел бидејќи нивниот дигестивен систем не функционира во најдобар ред и како резултат лошо ја вари храната. Но, затоа постојат многу рецепти кои помагаат во регулирањето на цревната флора, како што е зеленото смуди кое се подготвува со само неколку состојки, меѓу кои и 5-те најмоќни растенија за правилно функционирање на дигестивниот тракт. Во продолжение прочитајте за што станува збор.

Речете збогум на лошото варење на храната: Зелено смуди кое ја подобрува работата на цревата

1. Ананас: Ананасот го олеснува разградувањето на храната во организмот, го намалува апетитот, а благодарејќи на високиот процент на влакна ја забрзува и размената на материи во дебелото црево што резултира со рамен стомак. Покрај тоа, ананасот е одличен извор на витамин Ц и манган.

2. Нане: Нането е исто така познато по своите лековити својства кои ја спречуваат подуеноста. Тоа е одличен сојузник при ослободувањето од чувството на тежина во стомакот, смирувањето на желудникот и спречувањето на грчевите.

3. Ѓумбир: Ѓумбирот наоѓа голема примена во лекувањето на гастроинтестиналните нарушувања и тегоби. Го спречува собирањето на гасови во цревата и ја олеснува мачнината и болките во стомакот. По консумирањето, ѓумбирот се разредува во цревата и ги неутрализира киселините, хормоните и токсините.

4. Куркума или индиски шафран: Ова е одличен антиоксиданс и помага во пречките и проблемите со варењето на храната, како и забрзувањето на метаболизмот.

5. Алое вера: Ова растение го смирува и го прочистува системот за варење и органите во абдоминалниот дел од телото и се препорачува при лечењето на чир на желудник, синдромот на воспалени црева, целијакија и Кронова болест.

Речете збогум на лошото варење на храната: Зелено смуди кое ја подобрува работата на цревата

Потребни состојки:
  • 130 грама спанаќ
  • 30 грама свежо нане
  • 130 грама замрзнат ананас
  • 2 лажици сок од алое вера или парче со големина од 5 сантиметри
  • 2 лажици мед
  • 1 парче свеж ѓумбир кое потоа се лупи и се мели
  • ¼ лажица прав од куркума
  • 1 зелен лимон
  • 200 милилитри кокосова вода
Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер, промешајте и испијте го сокот после оброк.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар