Кажете им збогум на досадните обувки: Нов тренд за оваа сезона што ќе ги освои сите жени

Кажете им збогум на досадните обувки: Нов тренд за оваа сезона што ќе ги освои сите жени

Новата сезона со себе носи разновидни нови трендови, некои од нив исклучително се истакнуваат и заживуваат на долг временски период, а таков беше случајот и со чокерите. Сигурно веќе сте забележале девојки со тенка лента или синџирче околу вратот, кое навистина изгледа феноменално и очигледно е дека женската популација не може да му одолее. Меѓутоа, таквите аксесоари не се долговечни и крајно време е да се појави нивната замена. Можеби одвај сте дочекале, а можеби чокер ланчето и понатаму ви е убаво и сега ви е жал што истекол неговиот „рок на траење“, но сигурно е дека во оваа сезона пристигна нивната замена.

1-kazhete-im-zbogum-na-dosadnite-obuvki-nov-trend-za-ovaa-sezona-koj-sosema-kje-gi-zameni-chokerite-www.kafepauza.mk_

На ред дојде нов тренди аксесоар, а тоа е бразлетна за глужд. Значи, од украсување на вратот преминувате на украсување на глуждовите. Можеби помисливте дека тоа е повеќе некој летен детаљ, со оглед на тоа дека тогаш носиме отворени обувки, но овој тренд се појави токму во студениот период. За вас пронајдовме неколку трендсетерки кои веќе ги прошетаа своите омилени бразлетни за глужд кои може да ви послужат како пример за оние кои ќе се одлучат да го следат и овој тренд. Погледнете, пронајдете таква бразлетна и станете една од нив.

1. Дискретна сребрена или златна бразлетна за нога

Многу е слатка, се согласувате? Украс кој не е впечатлив, но сепак забележлив и кој целосно се вклопува во сечиј стил. Можете да ја носите со патики, сандали, чевли, во секоја прилика како омилена нараквица или ланче кои се неутрални и соодветни за разни модни комбинации.

2-kazhete-im-zbogum-na-dosadnite-obuvki-nov-trend-za-ovaa-sezona-koj-sosema-kje-gi-zameni-chokerite-www.kafepauza.mk_

2. Марама околу глуждот

Досега сте ја виделе марамата како аксесоар за глава, за врат, како парче облека, па дури и превиткана на раката, а сега се појавува и како превез околу глуждот. Необично, но тотално шик и неодоливо! Најдоброто од сѐ е што не морате да ја купувате, бидејќи најверојатно ја имате во вашата колекција, па треба само да ја преместите на друго место.

3-kazhete-im-zbogum-na-dosadnite-obuvki-nov-trend-za-ovaa-sezona-koj-sosema-kje-gi-zameni-chokerite-www.kafepauza.mk_

3. Кадифена лента

Кадифето е задолжително во последните неколку месеци, па е очекувано да се појави во уште еден тренди облик. Самиот материјал е подебел, што на некој начин е соодветен украс за постуденото време. Не мора да го носите на гола нога, изгледа интересно и доколку го ставите врз чизмите или некои други обувки.

4-kazhete-im-zbogum-na-dosadnite-obuvki-nov-trend-za-ovaa-sezona-koj-sosema-kje-gi-zameni-chokerite-www.kafepauza.mk_

4. Алка за нога

Алките и секој друг аксесоар со кружен облик повторно заживеа во модната сфера, па затоа не недостига ниту во обликот на бразлетна за нога. Минималистички детаљ кој привлекува посебно внимание, допринесува за елегантен стил и истовремено претставува детаљ кој директно ве поврзува со описот на девојка која ги следи модните трендови.

5-kazhete-im-zbogum-na-dosadnite-obuvki-nov-trend-za-ovaa-sezona-koj-sosema-kje-gi-zameni-chokerite-www.kafepauza.mk_

5. Бисерна грациозност

Една од најубавите дамски облици се бисерите кои траат со векови и секојпат се добредојден детаљ во сите трендови. Бисерната бразлетна за нога ќе ја истакне вашата женственост и отменост, давајќи ви чувство на грациозност. Како примерот од фотографијата, украсот за нога може да биде и дел од обувките, а притоа е визуелно совршено ускладен.

6-kazhete-im-zbogum-na-dosadnite-obuvki-nov-trend-za-ovaa-sezona-koj-sosema-kje-gi-zameni-chokerite-www.kafepauza.mk_

Доколку ве интересира како изгледаа летните варијанти, погледнете го големото враќање на бразлетните за глужд.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар