Кажете ѝ збогум на лошата фризура: Модерни пунџи, совршени за оваа есен
О да, сите ние имаме денови со лоша фризура, во кои со задоволство би ја скратиле, бидејќи повеќе не знаеме што да направиме со нашата непослушна коса. И тоа е во ред. Но, знаеме дека тоа не е опција и единственото нешто што ни преостанува е да одлучиме која фризура ќе ја избереме за да го постигнеме посакуваниот ефект. Најлесно е да ја врземе косата во коњско опавче, но најмодерно е да избереме пунџа. Тоа е така, бидејќи со нив има толку многу варијанти што сигурно ќе има помеѓу што да избирате. Еве неколку наши предлози.
1. Кога ќе имате неколку минути повеќе, заврзете ја косата не во една, туку во три пунџи и тоа во неуреден и модерен стил. Сите ќе ја пофалат вашата фризура.
2. Кога нема да сакате да носите обична и веќе видена „балерина“ пунџа, тогаш издвојте еден прамен и завиткајте го околу самата пунџа така што нема да се гледа ластикот. Извлечете ја малку косата за пунџата да не изгледа премногу „совршено“ и тоа е тоа.
3. Кога ќе започнете да се двоумите помеѓу пуштена коса или врзана во пунџа, тогаш ви предлагаме да ги споите овие два избора во една ваква симпатична, а лесна фризура. Прамените коса кои се во близина на вашето лице соберете ги назад и врзете ги во мала слатка пунџа. Останатата коса навиткајте ја и нема повеќе место за лошата фризура.
4. Плетенките и пунџите се најдобриот спој, и оваа фризура го докажува токму тоа. Исплетете „рибина коска“ од долните слоеви на косата, а потоа заврзете ја плетенката во стил на голема и разбушавена пунџа.
5. Кога не ви е до чешлање, тогаш немојте да се чешлате. Само станете од креветот, застанете пред огледалото и направете ја оваа едноставна пунџа што одлично ќе прилега на сите дневни прилики.
6. Во ред, понекогаш ви е потребна и малку поелегантна варијанта на пунџа. Тогаш изберете ги овие две извиткани пунџи и прамен кој дамски паѓа врз лицето. Големите обетки во овој случај се задолжителни.
Пунџите отсекогаш биле голем тренд, а погледнете која пунџа е вистински хит на Инстаграм!