Категорија: Женкар
Вистина е дека не сме еднакви, се делиме на машки и женски пол и меѓу нив има разлика како од Северниот до Јужниот. И физички и психички, поинаку сме градени, поинаку се развиваме, поинаку размислуваме, имаме различни сфаќања за нештата… Да се разбере како функционира женскиот мозок не е лесна работа, ако пробувате да го сторите тоа – со среќа! Ама постои една група на мажи кои извежбале некои проверени финти, па така можат лесно да ќарат женски… е таквите милуваме да ги викаме ЖЕНКАРИ… ЖЕНКАРИШТА!Женкарите – вечито обвинувани и омразени од останатите припадници на погрубиот пол. Можеби дел им се восхитуваат зашто „мотаат“ женски, ама сите потајно ги мразат од проста причина што им ги ќаруваат женските лесно, додека тие остануваат со прстот во уста.
Како да ги познаете? Момци кои се гледа дека се грижат за својот изглед. Владеат со просторот околу нив, зборуваат гласно и јасно, имаат шмекерски поглед, се движат така мажествено и заводливо. Преовладуваат во друштво, силни се, упатуваат заводнички погледи. Го имаат тој шмек кој ги издвојува од толпата.
Како шармираат? Нема да ви пријдат пијани, ќе бидат трезни, дури и по малку скромни. Зошто трезни? Па имаат премногу самодоверба, така што, не им треба алкохол. Ќе ве шармираат со убави зборови, мажествен став, а можеби и со цвеќе.
Како оперираат? Сте виделе кученце кое се врти околу месарница? Колку повеќе ги одбивате толку повеќе трчкаат по вас, како издресирани мајмунчиња. Колку сте вие поладни тие сè повеќе горат. Подготвени се да клекнат на коленици. Глупави се? Папучари се? Не драги мои, далеку од тоа, тие се упорни, вие сте им цел, а упорните луѓе кои имаат зацртана цел ќе направат сè што е потребно за да ја добијат.
Како ве освојуваат? За да се дојде до машкото срце клуч е заводливоста, а за да се дојде до женското, најважни се убавите зборови. Тие имаат финти, ама добро извежбани. Секогаш имајте на ум дека не сте ни прва ни последна на која ù ги упатува тие зборови. Тие долго и очигледно ќе зјапаат во вас, подгризнувајќи ги устите за вам да ви се покачи самодовербата, да знаете дека сте посакувани… што да ви кажам, оперираат добро и проверено.
Нивните финти:
- Отвораат врата од кола.
- Ви даваат предност.
- Тие се „вистински“ џентлмени.
- Играат ладно-топло.
- Ќе ви купат цвеќе, или уште потрогателно, ќе наберат самите.
- Може да ви посветат, дури и да ви потпевнат по некоја убава песна.
- Вие сте нивното срце, злато, душа, ангел, убавица, малечко будалче…
- Ќе ве залажат со спомнување на иднината.
- Кажуваат „ние“ а не „јас“ (ама само мислете си дека навистина станува збор за вас, најчесто е тој со неговото его).
И уште купишта финти, изрази, зборови, комплименти… и ситници. Таквите мажи знаат дека жените обрнуваат внимание на ситници, па ги кажуваат спонтано како да немаат значење, а всушност зад нив стои некаква намера.
Што треба да запаметите?
- Да, нивниот однос ќе се промени откако ќе ве освојат.
- Не, не сте му ни прва ни последна.
- Да, тој сака само секс.
- Не, не смеете да фантазирате за иднина со него.
- Да, тој еден ден ќе реши да стапи во брак, но шансите да биде верен се минијатурни.
- Не, не сака сериозна врска.
- Да, истите финти ги има испоробано безброј пати со други девојки пред вас.
- Не, нема да ви биде верен.
- Да, ќе биде со вас додека да му здодеете.
- Не, не сака да се запознае со вашите родители.
Заклучок? Во ред е да запознаете многу луѓе, животот ќе ве однесе на различни патишта и ќе сретнете различни карактери, меѓу кои и карактерот на еден женкар. Оставете го да се глупира, да се труди да ве освои, но никогаш не му се покорувајте, секогаш ставете му до знаење дека не верувате на што и да излезе од неговата уста. Може да одберете воопшто да не се плеткате со каков било човек од оваа врста, а може да одите до крај и да видите како функционира тој. Ништо страшно, едно животно искуство повеќе. Но што и да правите, секогаш бидете еден чекор пред него, не дозволувајте да се вљубите, оддалечете се додека имате време, тој со неговите финти ќе се појавува одвреме-навреме и лесно ќе паѓате под негово влијание колку и да сте ладни. Кога веќе сте одбрале да играте со оган, навреме и цврсто повлечете линија за крај.
Па дами мои, спремни сте да им одолеете на ваквите заводници?
До следното читање,
Вашата Ели.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Sekoja cest za voa.. ziva vistina..
Voopsto ne se slozuvam so zaklucokot…Ako bil zenkar ne znaci deka nemozi da se smeni i da se vljubi vo nekoja osoba, pa i da ostane veren!
мислам дека следна статија треба да се направи за промискуитетот кај женските. извинете, не ни женските цвеќиња за мирисање 🙂
Има и машки и женски кои се манипулативни и подмолни, со злобни намери, премногу феминистички е настроен постот.
Само ќе додадам дека секогаш целта и намерата е битна.
И јас сум брал ќитки, отварал сум врати од коли итн итн… тоа не мора да значи дека некоја ми е била само за секс… барем секогаш сум чист со намерите и целите.. никогаш неам видено никоја како играчка или цел за освојување… добро цел да ама ако ја освојам гледам да си ја задржам и да не ја повредам со одење на друга мета, значи создавам си врска, поврзувам се на некое подлабоко ниво… прашање е шо го има натерано некој да стане таков… значи не е од раѓање таков, сванал е се какви женски има, љубофта го убаво разочарала…
И запомни!
Сите се луѓе, сите имат емоции, не значи дека ако некој се труде и гриже дека тај нема емоции… битна е одлуката, ако се одлуче за една и за брак тоа ќе биде тоа и ќе остане верен, која е логиката да се гриже за нејзинио комфорт а да не се гриже за нејзините емоции ? Најчест проблем за таа неодлучност кај некој таков е тоа шо таа грижа и пажња не е возвратена од страна на женското… и нормално дека ќе бара некоја друга шо ќе му се посвете малце повеќе како он шо и се посветува на неа…