Карела: Природен инсулин во форма на тропско овошје
Карелата традиционално се користи во готвењето и медицината кај народите од Азија, Африка и Јужна Америка. Тропското растение е дел од фамилијата на растенија „Momordica sharantia“ и е едно од ретките кое добило потврда за неговата лековитост од официјалната медицина. Го нарекуваат и горка диња и е откриено во Индија, а во 14-от век се пренесува во Кина како и во другите делови на светот.
Расте како лоза, со долги и расцепени горки листови кои можат да се јадат и жолти цветови. Најпозната е по својот горчлив плод кој потсетува на тиквичка со издолжен облик и краставица. Додека е млада, карелата, како и повеќето растенија, има зелена боја, а кога ќе созрее добива портокалово-жолта боја. Плодот распукува на 3 дела и се појавуваат црвени семки кои се исто таа горчливи и можат да се јадат.
Карелата содржи малку калории, а незрелите плодови се ризница на витамините Ц, Б1, Б2 и Б3. Изобилува со калиум и фосфор, магнезиум, цинк, манган, влакна и други корисни состојки кои поволно делуваат на имунитетот и целокупното здравје. Ова овошје е природен инсулин бидејќи содржи специфична состојка, гликопротеин лектин, кој го снижува нивото на гликозата, односно шеќерот во крвта.
Освен тоа, го прочистува организмот од токсини и ја лечи псоријазата, го подигнува нивото на енергија и го олеснува дишењето. Делува и како имуномодулатор, бидејќи екстрактите од карела ги зајакнуваат имунолошките функции на клетките, што е важно за заболените од ХИВ, карцином и други тешки болести.
Постојат докази дека редовното консумирање на сокот од карела ги „изгладнува“ канцерогените клетки и така ги уништува. Исто така, сокот делува антивирусно, ги чисти цревата од микроорганизмите, го подобрува варењето на храната, го забрзува метаболизмот, ги олеснува проблемите кои се појавуваат поради дијабетесот и го забрзува заздравувањето на раните. Од исушените листови се прави чај против бактерии кој го поттикнува варењето и лечи од маларија.
Карелата не се препорачува само за трудниците и доилките, бидејќи нејзините состојки можат да предизвикаат контракции на матката, а доилките преку млекото можат да ги снабдат бебињата со материи од растението кои се непожелни за најмладата возраст.
Во Индија, карелата се смета за суперхрана и традиционално се пие како горчлив и незасладен, свежо исцеден сок од еден плод. Се препорачува да се пие само еднаш во денот. Со оглед на тоа дека Индијците веруваат дека токму ова растение е причината за нивната долговечност, виталност и добро здравје, тие често го имаат на својата трпеза.
Горчината на карелата се намалува со маринирање во солена вода и отстранување на внатрешноста на плодот. Индијците ја полнат со разни зачини, кромид, лук, го врзуваат со конци и го пржат во масло.
Кај нас, карелата може да се најде во добро снабдените аптеки и продавници за здрава храна и обично се продава како сок во шише или екстракт во капсули.