Кардиолозите препорачуваат: Најдобриот алкохолен пијалак против стрес
Кардиолозите тврдат дека редовното, но умерено консумирање на црвено вино може да биде превентива против кардиоваскуларните болести, па дури и против некои видови рак. Во последно време многу се зборува за здравствените придобивки од црвеното вино.
Научниците потврдиле дека тоа го намалува ризикот од срцеви болести, штити од мозочен удар, некои видови рак, па дури и делува против одредени бактерии како салмонела, ешерихија коли и листерија. Некои видови вино се навистина поздрави од други, но тврдењето дека сите вина се здрави во која било количина сепак е само мит.
Кардиолозите сметаат дека умереното консумирање црвено вино го намалува холестеролот и го нормализира крвниот притисок. Во него особено се истакнува салицилната киселина која ги разградува маснотиите и ги раствора честичките во крвта. На овој начин го спречува затнувањето на артериите. Еден литар вино содржи околу 60 милиграма салицилна киселина, доза двојно поголема од дневната доза аспирин што ја препорачуваат лекарите како превентива од срцеви болести.
Виното исто така го релаксира човечкиот организам. Овој ефект доаѓа благодарение на големото количество калциум, односно од 50 до 140 милиграми во еден литар, како и магнезиум, од 40 до 120 милиграми во литар. Заедно со големото количество витамини Б и Ц, овие минерали се важни во борбата против стресот.
Добрите страни на виното се многубројни, а една од придобивките е подобрување на меморијата. Докажано е дека жените во третата доба од животот кои пијат вино само еднаш неделно имаат побистар ум и подобро помнат. Исто така виното ги спречува воспалителните процеси на крвните клетки.
Едно истражување покажало дека луѓето кои пијат чаша вино дневно се послаби од оние кои пијат поретко и во поголема количина. Имено, сите кои умерено уживаат во виното имаат потенка половина и помалку масни наслаги на стомакот, задникот и колковите. Исто така алкохолот од виното го поттикнува согорувањето на калориите. Меѓутоа потребно е да внимавате на количината бидејќи консумирањето повеќе од една чаша може да ги зголеми килограмите.
Жените кои дневно пијат по една чаша вино имаат погусти, поцврсти коски за разлика од оние кои воопшто не го пијат. Алкохолот во умерено количество може да го зголеми нивото на естроген кој го забавува трошењето на коските кое се појавува со годините. Покрај тоа, ако го консумирате умерено, виното не само што ќе ви ја врати виталноста, туку ќе ви го продолжи животот и ќе го направи поквалитетен.
Дознајте и кои се здравствените придобивки од белото вино.