Капути и јакни: Откријте ги модерните трендови за оваа зимска сезона
Како што наближуваат есенските денови, сè повеќе размислуваме за неизбежните палта и капути. Нивната главна улога е да нè топлат, но тие се и едни од главните парчиња облека што го одредуваат нашиот стил. Без разлика дали претпочитате класичен или шик стил, секому од вас му е потребна солидна колекција од капути и јакни. Не грижете се, ние сме тука да ви помогнеме да се подготвите за студените зимски денови и ноќи така што ќе ви откриеме кои капути ќе бидат во тренд оваа зима.
Кожни јакни
Кожните јакни се секогаш добар избор затоа што им стојат добро на сите. Чоколадните нијанси се најпопуларни оваа сезона, иако нема да погрешите доколку се одлучите и за класична, црна кожна јакна.
Јакни со принтови
Необичен пресврт кога станува збор за традиционалните зимски јакни. Додека полека се ослободуваме од ограничувањата поради пандемијата, очекуваме да ги гледаме ваквите дезени во што поголем број.
Блејзери
Во светот на модата овие парчиња облека отсекогаш заземале значајно место, а стилистите препорачуваат кремасти нијанси за есенските и зимските месеци.
Палта од вештачко крзно
Вештачкото крзно е идеално за есенската и зимската сезона. Ваквите крзнени палта не само што се лесни за одржување, туку и секогаш се во тренд.
Мантил
Овој капут е секогаш во мода. Без разлика дали ќе се одлучите за класичната кафеава или црна нијанса, нема да погрешите затоа што совршено добро им прилега на сите.
Пуф-јакни
Популарни неколку сезони по ред, овие јакни лесно се вклопуваат со секое парче облека и обувки.
Доколку ви се допадна нашиот избор, ви препорачуваме да прочитате и кои 5 модели на чизми се хит оваа есен според модните стилисти.