Какво е влијанието на постојаното седење врз вашиот мозок?
Ова не се некои нови вести, но денес луѓето седат премногу. Без разлика дали седите во канцеларија 8 часа, или седите дома на работната маса, да се биде возрасен во модерното општество значи дека најчесто ќе бидете во седечка положба.
Сигурно веќе сте свесни дека ова има лошо влијание врз вашето тело. Но дали знаете какво е влијанието на постојаното седење врз вашиот мозок? Според Американското здружение за рак, постои голема поврзаност помеѓу долгото седење и зголемениот ризик од смрт од која било причина, вклучувајќи рак, срцеви болести, мозочен удар, дијабетес и уште многу.
Но нема потреба од паника. Само затоа што седењето е голем дел од вашиот живот, не значи дека немате контрола над него. Всушност, можете да додадете повеќе стоење во животот на многу едноставни начини, како одење додека разговарате на телефон или размрдување додека чекате да поминат рекламите. Доколку ви е потребна дополнителна мотивација, погледнете ги негативните ефекти врз мозок предизвикани од седењето.
1. Седењето влијае на меморијата
Изгледа како седењето и меморијата да немаат ништо заедничко, но доколку постојано го губите телефонот или заборавате да вратите на некоја порака, можеби проблемот е токму во седењето. Пречестото седење го намалува дотокот на крв до главата и е поврзано со влошување на делот од мозокот што ни помага да примаме нови и да се потсетиме на старите информации.
2. Седењето го намалува фокусот
Дали некогаш сте седеле пред компјутер и одеднаш ви станало нејасно што правите или што треба да правите? Овие чудни моменти на исклучување можат да бидат поврзани со фактот дека сте седеле предолго. Кога седите, не го активирате мускулоскелетниот систем или кардиопулмоналниот систем, кои имаат влијание на функцијата на мозокот. Доколку седите долг период, испуштате потенцијално подобрување на невротрансмитерите, кое доаѓа со разни движења.
3. Седењето може да ве направи мрзливи
Иако воглавно телото се чувствува мрзливо по долг период на седење, понекогаш мрзливоста настанува бидејќи седењето води до намалување на кислород во мозокот. Иако звучи навистина страшно, решението е во неколку мали промени на вашата рутина. На пример, можете да го започнете денот со „стој на глава“ (слободно искористете го ѕидот како потпора). Ова ќе го зголеми дотокот на крв во главата и ќе се чувствувате освежено. Доколку не можете да изведете „стој на глава“, обидете се да се размрдате секогаш кога ќе имате можност за тоа.
Погледнете ги и овие одлични вежби за луѓе кои премногу седат.