Какво е влијанието на хроничниот стрес врз секој дел од организмот?
Стресот го зголемува количеството на кортизол, адреналин и норадреналин, кои пак го забрзуваат чукањето на срцето, предизвикуваат напнатост во мускулите, потење и зголемено внимание. Сето ова е со цел да ни помогне да се заштитиме или да се справиме со некој предизвик.
Овие ситуации понекогаш се добри бидејќи ве тераат да ги надминете предизвиците. Но доколку постојано сте изложени на стрес, без можност за релаксација, вашето здравје ќе страда. Прекумерниот стрес може да предизвика состојба позната како негативна реакција на стрес. Оваа состојба може да биде одговорна за главоболки, проблеми со желудникот, па дури и за проблеми со кожата, астма, артритис, депресија и анксиозност.
Со стресот се поврзани и многу болести на срцето. Поради големата напнатост, луѓето јадат премногу сол и шеќер, што дополнително го зголемува ризикот од инфаркт или мозочен удар. Поради стресот може да ослаби и имунитетот, што резултира со долги настинки, а често и појава на херпес.
Со стресот се поврзуваат некои видови рак, но и некои автоимуни болести. Спротивно на верувањето, алкохолот или цигарите не ги олеснуваат стресните ситуации, туку подолго го држат телото во состојба на стрес.
Која е причината за вашиот стрес?
Проверете дали изворот на стресот сте самите вие, или пак некои надворешни околности. Доколку вие сте одговорни за вашиот стрес, размислете што можете да промените во однесувањето и начинот на размислување. Разговарајте сами со себе, ослободете се од негативните мисли и продолжете понатаму.
Исклучете се
Обидете се да се фокусирате на вашето опкружување. Забележете ги дрвата, небото, обликот на облаците… Доколку е сончево, „впијте“ ги сончевите зраци. Доколку е врнежливо, фокусирајте се на звукот што го прават капките дожд. Едноставно, обидете се да се исклучите.
Методи за ослободување од стресот
Постојат неколку методи што ќе ви помогнат во борбата против стресот. Најпрво мора да се ослободите од стресните мисли. Можете да го направите ова со техники за дишење.
Потоа, треба да се ослободите од стресот што самите сте го создале. Разгледајте го дневниот распоред или стресната ситуација и запрашајте се колку всушност е важно тоа. Постојат нешта што веднаш можете да ги отфрлите.
Третиот метод е техника за позитивно размислување и подигнување на енергијата. Ова можете да го направите со редовно вежбање, но и со релаксирање од барем половина час. Имајте на ум дека секој реагира различно на стресот и истите методи нема да делуваат исто кај сите.
Симптоми и последици од стресот
- Чести главоболки и стегање на вилицата или болка во неа
- Триење со забите
- Тешкотии во говорот
- Тресење на телото, усните и рацете
- Болка во вратот и грбот и грчеви во мускулите
- Слабост и вртоглавица
- Зуење во ушите или слушање други непостоечки звуци
- Често црвенеење и прекумерно потење
- Студени раце или испотени дланки
- Сува уста и проблеми со голтањето
- Чести настинки, херпес и инфекции
- Чести осипи и необјасниво чешање
- Силни и чести напади на алергија
- Гадење, болки во стомакот и мачнина
- Претерано ждригање, надуеност и испуштање гасови
- Проблеми со варењето, констипација или дијареја
- Отежнато дишење, гушење
- Ненадејни напади на паника
- Болка во градите и брзо чукање на срцето
- Често мокрење и необјаснива жед
- Намалена сексуална желба и проблеми со ерекцијата
- Тешкотии, постојна грижа, чувство на вина или нервоза
- Претерано лутење, фрустрација и непријателство
- Депресија, чести или нагли промени на расположението
- Зголемен или намален апетит
- Несоница, кошмари, вознемирувачки соништата
- Проблеми со концентрацијата, учењето и помнењето
- Заборавање, неорганизираност и несмасност
- Неодлучност, непрестајно сомневање во себе
- Чувство на постојано оптеретување
- Суицидни мисли, постојан песимизам
- Чувство на осаменост или безвредност
- Запоставување и целосна незаинтересираност за изгледот
- „Нервозни“ навики, како тропање со прстите или мрдање со ногата
- Раздразливост и зголемена фрустрација
- Бурно реагирање и на најмали ситници
- Чести мали повреди и незгоди
- Опсесивно компулсивно нарушување и претерана педантност
- Намалена продуктивност, претерано размислување
- Често оправдување со лаги
- Забрзан говор и неразбирливост
- Одбранбен став и сомнеж кон другите
- Проблеми во комуникацијата и чести недоразбирања
- Постојан и необјаснив замор, поспаност и малаксаност
- Често користење на стимуланси и кафе
- Необјасниво нагло слабеење или дебелеење
- Зачестено пушење, консумирање повеќе алкохол или лекови за смирување
- Неумерено трошење, коцкање и купување
Кога стресот ќе го нападне организмот
Нервен систем: Кога сте под стрес, физички или психички, телото веднаш ја пренасочува енергијата кон него. Почнуваат да се лачат адреналин и кортизол, од кои срцето чука побрзо и расте нивото на гликоза во крвта.
Мускули и коски: Кога сте напнати и под стрес, мускулите во телото се стегаат. Доколку контракцијата на мускулите трае некое време, можно е да се појават главоболки и други проблеми со мускулите и коските.
Респираторен систем: Често кога се под стрес, луѓето го занемаруваат правилното дишење и дишат брзо, тешко и плитко. Најчесто дишат со горниот дел од белите дробови, а често и се гушат. Кај некои луѓе може да дојде и до паничен напад.
Срце и вени: Акутниот или моменталниот стрес го зголемува бројот на отчукувања на срцето, па контракциите на срцевите мускули се посилни. Честите епизоди на ваков стрес можат да предизвикаат воспаление на коронарните артерии, што пак може да води до инфаркт.
Жлезди: Кога телото е под стрес, мозокот испраќа сигнали кои поттикнуваат лачење на адреналин и кортизол, познати како стрес хормони. Во овој случај, телото произведува повеќе гликоза.
Дигестивен систем: Поради стресот, луѓето јадат повеќе или помалку. Доколку јадете повеќе и повеќе пушите и пиете алкохол, може да се појават киселини и гадење. Сериозниот стрес може да предизвика и повраќање.
Погледнете и кои се најопасните последици од стресот.