Какво деколте би требало да изберете според градбата на вашето тело?
Можеби не знаевте, но деколтето од вашата блуза, фустан или маица и тоа како може да влијае на изгледот на вашата фигура. Секоја од нас има различна градба на тело, односно некоја има големи, а некоја мали гради или пак некоја широки, а некоја потесни рамена. Затоа, важно е целиот наш изглед да биде добро „спакуван“ за да изгледаме најдобро што можеме. Пронајдете ја вашата градба на тело и откријте какво деколте би требало да носите.
1. Големи гради
Вие не мора да ги криете вашите гради, но сепак мора да се потрудите да не откривате премногу. Округлото деколте е најдобар избор за вас, но и лесните материјали кои визуелно нема да направат вашите гради да изгледаат онака како што не сакате. Ова форма ќе го направи вашето деколте секси, но во умрена мера.
2. Мали гради
На секоја девојка која има мали гради ѝ е неопходно деколте кое визуелно ќе ги зголеми. Одлучете се отворено деколте во комбинација со шал, односно панделка која се врзува, а најдобро би било да биде во „V“ израз. Исто така, во комбинација со соодветен градник, сè ќе биде на свое место.
3. Широки рамена
Доколку вашите рамена се широки или сте доста спортски градени, потребно е нешто што ќе ви даде нежен изглед во горниот дел. Ваш прв избор треба да бидат блузи, кошули и фустани со петелки и потрудете се првите 2-3 петелки да ви бидат откопчани. Овие модели убаво ќе стојат на вашите рамена, но и на целото торзо, сè до струкот додека вниманието ќе биде насочено кон самото деколте и на тој начин ќе го оттргнете од оние делови кои визуелно сакате да ги прекриете.
4. Тесни рамена
Доста тесните рамена ќе изгледаат рамномерно доколку облечете блуза која е засечена во пределот на рамениците за визуелно да ги проширите. Деколте воопшто не мора ни да имате. Значи, поентата е што повеќе да ги покажете рамената и сè останато ќе изгледа одлично.
5. Подебели раце и надлактици
За вас идеално би било да носите блузи, маици и фустани со кратки ракави, но без да го прикривате деколтето. Одберете дискретен „V“ израз или некоја необична форма. Најважно е целото внимание да го насочите кон средишниот дел и ефектот ќе биде и повеќе од одличен.