Какво беше пријателството помеѓу најдобрите другарки во 90-тите, а какво е денес?
Озборувањата
Во 90-тите: Најголемата непријателка ви беше девојчето кои се појавило на училиште со исто здолниште како вашето.
Денес: Вашите најголеми озборувања се поврзани со ликовите од вашите омилени ТВ серии.
Лечењето скршено срце
Во 90-тите: Никој не знаел како да ви помогне со скршеното срце подобро од вашата најдобра пријателка. Доволно било да ви го донесе омиленото чоколадо и да ве насмее со нејзините смешни фаци.
Денес: Јога, маникири, спа центри, вино… Потоа ќе излезете во бар каде што момците ќе ви се додворуваат, а вашата најдобра пријателка ќе ги брка како да имаат чума.
Одржувањето контакт
Во 90-тите: Во овој период сте си оделе една кај друга на гости и сте ѕвонеле на домашното ѕвонче. Понекогаш, сте си се јавувале на домашен телефон и немало ништо понепријатно од тоа кога татко ѝ ќе ја кренел слушалката.
Денес: Повеќе не користиме зборови. Само емотикони.
Работите поради коишто сте запаѓале во неволја
Во 90-тите: Вашите бели биле многу невини во овој период. Сте ѕвонеле по врати и потоа сте бегале, сте се јавувале на вашите другарчиња и сте спуштале слушалка, сте праќале лажни љубовни писма и слично.
Денес: Ако вашата најдобра пријателка е исто така и ваша колешка, тогаш сигурно доцните на работа барем еднаш неделно затоа што сте застанале да се напиете кафе заедно пред да почнете со работните обврски.
Начинот на кој сте се заштитувале од непријателите
Во 90-тите: Кога нештата ќе тргнеле наопаку, секогаш сте ги викале мама и тато.
Денес: Во денешно време луѓето мразат конфликти во 4 очи. За да ги налутите вашите непријатели, најчесто објавувате милион фотографии на Фејсбук со цел да им покажете колку прекрасно сте си поминале на забавата каде што тие не биле поканети.
Начинот на кој го покажувате вашето нераскинливо пријателство
Во 90-тите: Сте си подарувале алки и синџирчиња на кои пишувало „BFF“ (најдобри пријателки засекогаш).
Денес: Најдобрите пријателки понекогаш тетовираат исти тетоважи, но ако тоа е премногу за вас тогаш сигурно барем еднаш сте објавиле на Фејсбук дека сте во врска со вашата другарка затоа што ви било смешно и забавно.
Прочитајте ги и овие 12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка.