Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?

Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?

Постојано се зборува за тоа дека секој трага по неговата сродна душа, со цел да ја најде својата друга половина и да го надополни делот од себе што недостасува. Дури и да не верувате во сродни души и да мислите дека сте си доволни сами на себе, сигурни сме дека би сакале да пронајдете партнер кој ќе биде вистинскиот за вас. Тоа е нормална потреба на секој човек бидејќи кога ќе се случи тоа, вие се менувате а со тоа се менува и вашиот живот и станувате многу посреќни. Ова се неколкуте неизбежни промени кои ќе ги забележите кај вас откако ќе го најдете партнерот кој совршено ви одговара…

Не се плашите да зборувате за личните проблеми кои ве мачат

 Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?

Она што ви се чинело тешко и срамно ќе стане лесно и природно ако сте со вистинската личност. Знаете дека тој или таа нема да ве осудуваат поради ништо што се случило или се случува во моментот, така што ќе ви биде многу полесно да го откриете секој аспект од вашата личност и да им дозволите да ве видат во вистинско светло.

Можете да бидете сами со вашиот партнер без онаа непријатна тишина

 Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?

Нема потреба да зборувате цело време за да ви биде пријатно еден покрај друг. Ќе сфатите дека е возможно да поминувате време заедно во удобен мир и тишина, без да кажете ниту збор а сепак целосно да се разберете. Комуникацијата не мора секогаш да се појавува во говорна форма.

Не мора да погодувате како се чувствува вашиот партнер

 Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?

Постојано сте смирени кога мислите на вашиот партнер. Деновите кога нервозно го чекавте неговиот или нејзиниот одговор на вашата порака се далечно минато. Вие сте приоритетот во животот на партнерот, исто како што и тој е приоритет во вашиот.

Можете да покажете несогласување, а сепак да ја задржите меѓусебната почит

Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?

Нормално дека понекогаш ќе наидувате на несогласувања, но тоа не значи дека тие секогаш мора да завршуваат во караници и конфликти. Ја почитувате гледната точка на работите на вашиот партнер исто како и тој вашата, и секогаш се слушате со љубопитност а не со нервоза.

Се посакувате еден со друг дури и кога нема очигледна причина за тоа

Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?

Начинот на кој вашиот партнер го пие кафето и дискутира за нешто може да ви биде исто толку еротично како кога ќе го видите без облека. Тоа се случува затоа што карактерот на вашиот партнер е многу попривлечен од неговиот изглед.

Не се плашите да ги откриете вашите чудни навики

Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?

Не само што си ги откривате чудните навики и ги прифаќате без проблем, туку во некои случаи дури и намерно ги поттикнувате.

Го запознавте партнерот со вашите пријатели

Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?

Воопшто не сте загрижени дали вашите пријатели ќе мислат дека сте го направиле погрешниот избор и дека заслужувате повеќе. Вашиот партнер е личност која одвај чекате да ја запознаете со вашите пријатели. Нема никаков сомнеж дека ќе им се допадне исто толку колку и вам.

Ги сакате пријателите на вашиот партнер како да се ваши

Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?

Не морате со сила да се смеете или да разговарате со пријателите на вашиот партнер. Наместо тоа, искрено уживате во нивното друштво и дури и сакате да се гледате повеќе. Најдобрите луѓе секогаш го привлекуваат најдоброто друштво.

Продолжете на следната страна за да ги откриете останатите промени…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар