Какви промени да очекувате во односот со партнерот откако ќе се венчате?

Какви промени да очекувате во односот со партнерот откако ќе се венчате?

Се подготвувате да го кажете судбоносното „Да“ со вашиот партнер и никогаш не сте биле повозбудени. Сте одбрале фустан, мени, песната на која ќе го одиграте првиот танц и веќе сте при крај со финалните подготовки. А потоа што? Време е да размислите и за тоа што ќе се промени откако ќе се венчате. Сигурно веќе сте разговарале за ова со вашиот иден сопружник, но постојат неколку работи кои можеби не сте ги земале предвид. За среќа, станува збор претежно за позитивни промени. Очекувано е дека бракот ќе внесе мали промени во динамиката на вашите чувства и начин на живот. Иако секој брачен пар доживува различни промени, овие неколку се најчестите што треба да ги очекувате откако ќе „рипнете во тавче“…

Промени во односот со партнерот што се случуваат откако ќе се венчате

Очекувањата се поголеми

Без разлика дали сте свесни за тоа или не, многумина му придаваат повеќе значење на зборот „сопружник“ отколку на зборот „момче“, „девојка“ или „свршеник, свршеница“. Тоа не значи дека никогаш нема да се разочарате, но факт е дека откако ќе се венчате ќе имате поголеми очекувања. Можеби ќе очекувате партнерот да ви дава повеќе поддршка, да ви обрнува повеќе внимание и да биде емоционално поприсутен и поотворен.

Ќе се чувствувате посигурно и поудобно

Вистина е дека бракот може да биде како едно големо, удобно, безбедносно ќебенце. Среќни сте и сакани. Сте ја нашле вистинската личност за вас. Кога ќе се случи тоа, повеќето луѓе се чувствуваат пријатно и удобно. А кога се чувствувате посигурни, им велите збогум на сите тајни навики и задоволства што ви предизвикуваат чувство на вина. Сега ништо повеќе не морате да криете! Има ли нешто поудобно од тоа?

Промени во односот со партнерот што се случуваат откако ќе се венчате

Повеќе зависите еден од друг

Бракот го зацврстува вашето партнерство. Можеби сѐ уште ќе се јавувате на вашите најдобри пријатели или родители за поддршка и совет, но факт е дека вашиот сопружник ќе ја преземе улогата на главниот советник и заштитник на тајни, доколку веќе ја нема преземено.

Ќе сфатите дека не можете да ја штитите вашата територија

Доколку не сте живееле заедно пред бракот или сте живееле, но сте ги делеле работите по половина, ќе доживеете голема промена откако ќе застанете пред олтарот. Тоа што е ваше е негово/нејзино и тоа што е негово/нејзино е ваше. А таквиот однос бара голема адаптација и компромис. Запаметете дека не смеете да бидете себични и дека сѐ треба да си делите.

Знаете дека без оглед на сѐ морате да се борите со заеднички сили

Дури и кога ќе наидете на пречки на патот или ќе имате особено страшна караница, знаете дека сѐ ќе биде во ред. Сега сте тим и заедно се стремите кон истата цел: Долг и среќен брак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар