Каква е шведската диета и како може да се применува секој ден?
Шведската диета е една од најпопуларните во светот и храната ја дели во три групи: онаа која смееме да ја јадеме, онаа која не смееме и онаа која е повремено дозволена. Оваа диета вклучува многу зеленчук, а мала количина јаглехидрати, го забрзува метаболизмот и ја применуваат многу од успешните топ-модели.
За време на оваа диета препорачливо е да се јаде зеленчук кој расте над земјата, како што се пиперки, домати, зелка, спанаќ или краставици, потоа авокадо, риба и месо, јатки и семиња, јајца, млечни производи со ниска масленост, а смеете да пиете вода и незасладен зелен чај. Поретко е дозволено компири, моркови и цвекло, темно чоколадо со најмалку 70% какао во составот, а еднаш на ден можете да изедете овошје што не содржи многу шеќер, како што се јагодите и лубеницата.
Намирници кои се апсолутно забранети се маргарин, рафинирани масла, алкохол, вештачки засладувачи, снегулки, индустриски сокови, засладени житарици, скроб, слатки и пекарски производи. Клучни во оваа диета се здравите масти кои ги има во зеленчукот и рибата. Сите дозволени намирници содржат доволно минерали, витамини и протеини. Оваа диета може да се следи најмалку три недели или повеќе, доколку е потребно. Желбата за слатко можете да ја задоволите со малку темно чоколадо или покалорично овошје еднаш во неделата.
Во продолжение, предлог мени за една недела:
Понеделник
Појадок: Хељда сварена во вода и една чаша млеко
Ручек: Салата од пиперки, домати, кромид и сирење. Можете повторно да испиете чаша млеко
Вечера: Сварено цвекло со павлака, еден сварен компир и парче ‘ржан леб
Вторник
Појадок: Житарица по избор и чаша млеко
Ручек: Салата од марула и спанаќ со еден варен компир и филет печена или варена риба
Вечера: Чаша млеко, две варени јајца и салата од зелка и кромид зачинета со малку масло
Среда
Појадок: 60 грама сирење, парче леб и чаша млеко
Ручек: Чаша свежо цеден сок од јаболки, парче пилешко месо без кожата и мала порција салата по избор од препорачаните зеленчуци
Вечера: Чаша млеко, две варени јајца и салата од зелка со или без кромид
Четврток
Појадок: Две парчиња ‘ржан тост леб и чаша млеко
Ручек: 200 грама овошје по избор, парче месо со прилог сварена житарица
Вечера: Чаша млеко, 100 грама рижото подготвено со вода и салата од домати и кромид
Петок
Појадок: Една чаша млеко и две варени јајца
Ручек: Едно парче риба со салата од домати и кромид
Вечера: Салата со авокадо, марула и домат
Сабота
Појадок: Парче леб по избор, маслинки и едно варено јајце
Ручек: Салата од марула или спанаќ, збогатена со краставица, домат, печурки и семки од сончоглед
Вечера: Чаша млеко и мала порција јатки
Недела
Појадок: Два варени компири и чаша млеко
Ручек: Парче месо и салата од морков, зелка и цвекло
Вечера: Едно парче леб со сирење и маслинки
Погледнете ја и оваа брза диета за најзафатените.