Каков вид ужина најмногу одговара на вашиот организам според обликот на телото?

Каков вид ужина најмногу одговара на вашиот организам според обликот на телото?

Луѓето, освен главните оброци, во текот на денот, многу често грицкаат различна солена или слатка храна. Додека сте во канцеларија, дома пред телевизор или компјутер или додека сте излезени со друштво, веројатно многу често до вас има мали чинии или кесички полни со вкусни грицки, кои најчесто не се здрави за вашиот организам. Иако многумина се обидуваат да ги избегнуваат зачинетите и масни чипсови, соленки, колачи и да ги заменат со поздрави продукти, како јаткасти плодови и зеленчук, сепак и тоа не е доволно, затоа што е многу важен типот на вашето тело. Според нутриционистот Габриел Мастон од Сиднеј, Австралија, постојат три типа на тела: Ендоморфи, ектоморфи и мезоморфи.

(1) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?

Здравите грицки имаат различно влијание врз различните типови на тело. Секако, на пример, боровинките и јогуртот се многу подобар избор отколку чипс од компири, но еден од овие продукти ќе има подобро влијание врз вашиот организам. Одредете во кој тип припаѓа вашето тело, а потоа најдете ги најсоодветните грицки за вас.

Мезоморфи

Мезоморфите се луѓе кои имаат тело со средна големина и атлетска градба. Бидејќи имаат помалку телесни масти и солиден метаболизам, луѓето со вакво тело треба да консумираат грицки со поголемо количество на протеини за да ги хранат мускулите кои ги имаат.

Протеинските шејкови се одлична идеја

(3) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?

Јогуртот е полн со протеини

(2) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?

Варените јајца се исто така одличен извор на протеини потребни за организмот

Кој вид грицки најмногу одговара за вашиот организмот според обликот на телото?

Ектоморфи

Доколку сте високи и слаби, припаѓате во групата ектоморфи. Овој тип на тело има помала структура на коските и потешко може да создаде мускулна маса. Во овој случај, бидејќи луѓето се витки, мислат дека можат да јадат секакви грицки. Но, она што најмногу му одговара на вашето тело се грицки богати со масти, јаглехидрати и протеини. Луѓето со ваков тип на тело треба да внесуваат повеќе вистински оброци, наместо рака јаткасти плодови.

Овесот комбиниран со овошје може да биде совршена ужина или оброк

(5)Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?

Путерот од кикирики е исто така богат со здрави масти и протеини

(6) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?

Колачите од ориз се исто така добра опција за грицкање

(7) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?

Ендоморфи

Ендоморфи се луѓе кои лесно акумулираат масти и имаат проблеми со губење на тежината. За да останат во добра форма, луѓето со ваков тип на тело треба да внесуваат помалку јаглени хидрати, бидејќи нивниот метаболизам е побавен. Најдобро е да се држат до исхрана богата со протеини и здрави масти.

Никогаш нема да згрешите со бобинки, јагоди, малини…
(8) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?
Јаткастите плодови се богати со здрави масти и протеини и се совршени грицки за вас

(9) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар