Каков накит ќе се носи ова лето?
Од почетокот на пандемијата, сакаме сè што може да го подобри нашето расположение, а некои од трендовите за ова лето го прават токму тоа: носат многу светли бои и ставаат насмевка на вашето лице! Во продолжение погледнете кои се 6-те најдобри модни додатоци што ќе бидат задолжителен детаљ на вратот и на рацете ова лето.
Шарени мониста
View this post on Instagram
Монистата не излегуваат од мода, само го менуваат начинот на кој ќе се носат. По неколку сезони во монохроматски стил, сега се враќаат разнобојните мониста кои носат насмевка на вашето лице.
Колку повеќе, толку подобро
View this post on Instagram
Оваа сезона стилистите препорачуваат ѓердани со што повеќе приврзоци. Можете да изберете приврзоци во златна, сребрена или бакарна боја, а за малку похрабрите има и приврзоци во различни бои.
Синџири
View this post on Instagram
Синџирите се полн погодок оваа сезона и дозволени се сите варијанти! Покрај дебелите синџири околу вратот, постојат и варијации на темата: повеќе тенки синџири, црни, сребрени, бакарни… Сè зависи од вашата фантазија!
Накит во тиркизна боја
View this post on Instagram
Нијансата што потсетува на лето ќе биде апсолутен хит оваа сезона.
Обетки со симболи
View this post on Instagram
Обетките со разни симболи, како што се пеперутки, детелина со четири листа и цвеќиња, се во тренд неколку сезони. Искористете го тоа.
Белезици со приврзоци
View this post on Instagram
Овие белезици се спектакуларни, модерни и добро се вклопуваат во секоја комбинација на облека.
Погледнете како да носите џемпер оваа пролет.