Како здраво да ги покачите килограмите доколку сте премногу слаби?

Како здраво да ги покачите килограмите доколку сте премногу слаби?

Можете да најдете стотици диети, совети и трикови за намалување на тежината и навистина, додека поголем дел од луѓето се борат со вишок килограми, не се посветува доволно внимание на оние кои го имаат спротивниот проблем.

Доколку сметате дека ви недостигаат неколку килограми за поздрав и поубав изглед, следете некои од овие совети и постигнете ја вашата цел на здрав начин.

Како здраво да ги покачите килограмите доколку сте премногу слаби?

Јадете почесто

Ова правило важи и за оние кои сакаат да изгубат на тежина, но разликата е во изборот на намирници. Иако послабите можат да си дозволат калорични грицки, сепак не е се во бројот на калории, туку и во паметниот избор. Храната која ја јадете треба да биде комбинација од протеини, скроб, зеленчук и масти.

Конзумирајте леб направен од целозрнести житарки, тестенини, млечни производи со ниска масленост, посни извори на протеини, јаткасти плодови, семиња, овошје и зеленчук.

Како здраво да ги покачите килограмите доколку сте премногу слаби?

Протеински шејкови

Протеините го хранат мускулот и ќе ви помогнат тежината која сакате да ја покачите да се „складира“ на вистинските места. Без разлика дали ќе подготвите некои од илјадниците рецепти кои можете да ги пронајдете на Интернет или пак ќе се решите за готова формула, шејкот може да биде одличен начин да ја контролирате телесната тежина. Како состојки користете немасно млеко, свежи сокови и мелено ленено семе.

Пијте течности 30 минути пред и по оброците, не за време на јадењето за да не се заситувате прерано. Дополнително, ако имате проблеми со апетитот, пробајте со кратки прошетки пред времето за јадење или со лесно овошно смуди кое ќе ви го „раскопа“ желудникот.

Како здраво да ги покачите килограмите доколку сте премногу слаби?

Вежбајте

Сите ги знаеме придобивките од редовното вежбање, но за оние кои сакаат на здрав начин да покачат тежина, овој дел е особено важен. Освен што ќе ви помогне да го оформите телото на вистинскиот начин, редовното вежбање ќе ви отвори и апетит. Покачете ја мускулната маса и без проблем ќе го добиете телото кое го посакувате.

Јадете високопротеински чоколатца или пијте протеински шејкови веднаш по вежбањето за да ги нахраните мускулите. Исто така, доколку вежбате, добро е да косзумирате висококалорични и високопротеински шејкови пред спиење.

Калорични ужини и додатоци

Иако најголем дел од обичните смртници мора постојано да внимаваат на калоричните ужини, вие слободно можете да го избегнете ова правило. Ставете екстра сос во цезар салатата, изрендајте сирење над помфритот – има многу вкусни комбинации кои можете да си ги дозволите.

Како здраво да ги покачите килограмите доколку сте премногу слаби?

Исто така, за ужина грицкајте јаткасти плодови, консумирајте путер од кикирики, сушено овошје и авокадо и комбинирајте ги овие продукти со друга храна. Сепак, дури и кога сакате да ги покачите килограмите, треба да бидете внимателни со внесувањето на шеќери и да избирате здрави слатки задоволства.

Ако немате проблеми со холестеролот, можете да уживате во полномасни млечни производи. Наместо вода, пијте сокови, во салатите, супите и манџите додавајте маслиново масло, а како замена за некои од оброците пијте калорични смудиња.

Додатоци во исхраната

Неправилната исхрана ја нарушува благосостојбата на организмот, па особено е важно да го надополните недостатокот од витамини и минерали. На пазарот постојат безброј видови додатоци во исхраната, па во консултација со вашиот доктор можете да ги изберете вистинските за вас. Доколку имате проблеми со апетитот, ова може да биде едноставно решение.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Renata Reply

    mene nishto ne mi pomaga za da se zdebelam :\

  2. Анонимен Reply

    Ijas isto taka nikako da dojdam do kilaza imam 43 kila kazite ako znaete nesto molimte pozd

Остави коментар